Бајерн Минхен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајерн Минхен
Амблемот на Бајерн Минхен
Целосно имеФудбалски клуб Бајерн Минхен
ПрекарБаварците
Основан27 февруари 1900
ЛокацијаМинхен, Германија
СтадионАлијанц Арена
Капацитет75.000
ПретседателГерманија Херберт Хаинер
ТренерГерманија Јулијан Нагелсман
ЛигаБундеслига Бундеслига
2021–2022Бундеслига, 1-ви
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Бајерн Минхен (германски: Bayern München) е фудбалски клуб од Минхен. Клубот е повеќекратен првак и освојувач на купот на Германија, како и неколкукратен шампион на Европа.

Историја[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб „Бајерн“ е оформен на 27 февруари 1900 од Гимнастичкиот клуб во Минхен. Првите неколку сезони, тимот ги играл во регионалните баварски лиги. Првиот поголем успех го остварил во 1926 во Јужното германско првенство, достигнување кое го повториле и две години подоцна. Во 1932, клубот ја освоил првата шампионска титула во германското првенство. Со доаѓањето на Хитлер на власт, развивањето на клубот замрело, „Бајерн“ бил преименуван во „Јевовиот клуб“, а тренерите ја напуштиле земјата.

1950-1970[уреди | уреди извор]

Подоцна, кога „Бајерн“ станал дел од Јужната германска лига (Oberliga Süd), клубот стангирал и во 1955 испаднал од таа лига. Сепак, веќе во следната сезона, „Бајерн“ успеал да се врати и го освоил германскиот куп победувајќи во финалето против „Фортуна“ од Диселдорф со 1-0. Во 1963, поделените германски лиги се соединиле во „Бундес-лигата“. Бајерн станал член на „Бундеслигата“ две години подоцна, кога во тимот играле младите таленти: Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сеп Маер и др. Во првата сезона во „Бундеслигата“, „Бајерн“ завршил на третото место и го освоил германскиот куп. На тој начин, „Бајерн“ се стекнал со право да учествува во Европскиот куп на куповите, кој го освоиле истата година, победувајќи го „ФК Глазгов Ренџерс“ со 1-0. Бранко Зебец бил првиот тренер со кој „Бајерн“ освоил двојна титула, употребувајќи само 13 играчи во текот на сезоната.

1970-ти[уреди | уреди извор]

Во 1970, во клубот дошол нов тренер, Удо Латек, со кого „Бајерн“ го освоил германскиот куп, како и третата национална титула. Решавачкиот натпревар во сезоната 1970-1971, одигран против „Шалке“, бил првиот натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Минхен и првиот натпревар од Бундеслигата пренесуван на телевизија. Тогаш, „Бајерн“ победил со 5-1 и ја освоил титулата, а во таа сезона ги соборил рекордите за освоени најмногу бодови и постигнати најмногу голови. Следен голем успех бил освојувањето на Лигата на шампионите во 1974 година, кога во финалето „Бајерн“ го победил „Атлетико Мадрид“ со 4-0. Следната година, „Бајерн“ ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, победувајќи го „Лидс јунајтед“ во финалето. Во 1976 година, во Глазгов, „Бајерн“ уште еднаш ја освоил Лигата на шампионите и таа станал третиот тим кој успеал трипати по ред да ја освои Лигата на шампионите. Истата година, „Бајерн“ го освоил и Меѓународниот куп на ФИФА, победувајќи го бразилскиот шампион „Крузерио“ од Бело Хоризонте.

1980-ти[уреди | уреди извор]

Во 1980-тите следувале промени во тимот и финансиски проблеми, но сепак, „Бајерн“ успеал да ја освои Бундеслигата во 1980 и во 1981. Потоа, следувале две сезони без никаков трофеј, по што Удо Латек дал отказ. „Бајерн“ го освоил купот во 1984, по што следувала серија од пет шампионски титули во период од шест сезони, вклучувајќи и една дупла титула во 1986. Но, клубот немал врвни резултати во Европа, каде стигнал само до второто место во 1982 и 1987.

1990-ти[уреди | уреди извор]

Формата на „Бајерн“ паднала драстично по освојувањето на титулата во 1990, така што за само пет бода, клубот се спасил од испаѓање во сезоната 1991/1992. Успесите на клубот се вратиле кога Франц Бекенбауер бил поставен за тренер во втората половина од сезоната 1993/1994, освојувајќи ја титулата по пазуа од три години. Притоа, поради славните играчи кои играле во „Бајерн“ во овој период, клубот го добил прекарот „ФК Холивуд“ (FC Hollywood). Подоцна, Бекенбауер уште еднаш се вратил како тренер на „Бајерн“, кој под негово водство го освоил Купот на УЕФА во 1996, победувајќи го „Бордо“ во финалето. Од 1998 до 2004, тренер на „Бајерн“ бил Отмар Хицфелд, кој станал најдобриот тренер во историјата на „Бајерн“. Во неговата прва сезона, „Бајерн“ ја освоил Бундеслигата, но во финалето на Лигата на шампионите загубил од „Манчестер јунајтед“ со 2-1, а двата гола ги примил во продолжението. Во сезоната 1999-2000 „Бајерн“ ја освоил третата дупла титула во Германија.

2000-ти[уреди | уреди извор]

Во 2001 ја освоил и третата по ред шампионска титула. Неколку дена подоцна, „Бајерн“ ја освоил и Лигата на шампионите, победувајќи ја „Валенсија“ на пенали. Во 2002, клубот не освоил трофеј во Германија, но по вторпат го освоил Меѓународниот куп на ФИФА. Во 2003, „Бајерн“ ја освоил и четвртата дупла титула. Следната година, Хицфелд се повлекол од тренерската позиција поради слабите резултати на клубот.

Во 2005-2006, „Бајерн“ се преселил на новиот стадион „Алијанц арената“. Тренер на „Бајерн“ во овој период бил Феликс Магат, со кого клубот освоил две двојни титули, но немал поголеми успси во европските натпреварувања. Во јануари 2007, Магат бил отпуштен и пак бил вратен Хицфелд. Во сезоната 2006/2007, во Бајерн имало многу промени и клубот не освоил ништо. Во сезоната 2008-2009, „Бајерн“ ја освоил Бундеслигата, по што следувале сезони без германска титула и два изгубени финални натпревари во Лигата на шампиони. Најпрвин, тренерот Луј ван Гал го донел „Бајерн“ до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009-2010, каде изгубил од „Интер“ од Милано, со 0-2. По овој неуспех, ван Гал го напуштил кормилото на „Бајерн“, а на неговото место дошол Јуп Хејнкес.

2010-ти[уреди | уреди извор]

Под водство на Хејнкенс, во сезоната 2011-2012, „Бајерн“ стигнал до финалето во Лигата на шампионите. Иако натпреварот се одиграл на „Алијанц арената“, „Бајерн“ изгубил на пенали од „Челси“. Сепак, во сезоната 2012-2013, „Бајерн“ ја освоил двојната круна во Германија (шампиони и освојувачи на купот), а со победата над „ФК Борусија Дортмунд“ на „Вембли“, клубот станал по повеќе од една деценија ја освоил Лигата на шампионите.

И сезоната 2013-2014, под водство на новиот тренер Пеп Гвардиола, „Бајерн“ ја започнал во одличен стил. Така, на 27 ноември 2013, во петтото коло од групата „Д“ на Лигата на шампионите, на гостувањето во Москва, Бајерн ја победил ЦСКА Москва со 3:1 и со тоа влегол во историјата како првиот клуб кој во Лигата на шампионите забележал десет победи по ред.[1] Сепак, наспроти добриот почеток, „Бајерн“ бил запрен во полуфиналето на Лигата на шампионите од „Реал“, кој таа година станал европски првак. Бајерн потоа во 2019-20 сезоната на Лигата на шампионите во финалето го совладаа ПСЖ 1:0 во финалето, да станат прваци на Европа за 6-ти пат.

Организација, сопственичка структура и финансии[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб „Бајерн“ е организиран како акционерско друштво и неговото официјално име е ФК „Бајерн Минхен“ АД (FC Bayern München AG). Во однос на сопственоста, 90% од акциите на клубот му припаѓаат на здружението FC Bayern München E.V. (e.v.-значи „регистрирана асоцијација“), додека останатите 10% припаѓаат на „Адидас“, кој е и голем спонзор на „Бајерн“. „Адидас“ ги купил своите акции во 2002 за 77 милиони евра. Други поголеми спонзори на „Бајерн“ се: „Дојче телеком“ („T-Home“ е спонзор на дресевите), „Ауди“, „Сименс“, „Луфтханза“ и „Кока Кола“. Претходни спонзори на дресевите биле: „Адидас“ (1974-78), „Ивеко“ (1978-84), „Комодор“ (1984-89), „Опел“ (1989-2002) и „Дојче телеком“ (T-Mobile, T-Com, T-Home/2002-*).

Претседател на клубот е Франц Бекенбауер, а претседател на одборот на директори е Карл-Хајнц Румениге, исто така, поранешен играч на Бајерн. Најголема улога во тимот има Ули Хенес, кој е извршен директор на тимот.

Во сезоната 2013/2014, „Бајерн“ остварил профит од 528 милиони евра и на тој начин, за првпат во историјата ја надминал границата од половина милијарда евра. Притоа, во текот на сезоната, клубот продал 1,2 милиони дресови, а со фирмата „Алијанц“ бил склучен договор со кој долговите на „Бајерн“ се намалиле за 110 милиони евра.[2]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 17 јануари 2014


Бр. Позиција Играч
1 Германија ГМ Мануел Нојер капитен}}
5 Германија ОД Матс Хумелс
6 Германија СР Џошуа Кимих
7 Франција СР Франк Рибери
8 Шпанија СР Хави Мартинес
9 Полска НП Роберт Левандовски
10 Холандија СР Лирој Сане
11 Колумбија СР Даглас Коста
13 Бразил ОД Рафиња
14 Шпанија ОД Хуан Бернат
15 Германија ОД Ларс Лукас Маи
17 Германија ОД Џером Боатенг
18 Шпанија ОД Хуан Бернат
Бр. Позиција Играч
21 Германија ОД Лукас Ернандес
22 Германија ГМ Том Штарке
23 Чиле СР Артуро Видал
25 Германија НП Томас Милер
26 Германија ГМ Свен Улрих
27 Австрија ОД Давид Алаба
28 Германија ОД Тијаго Дантас
29 Франција НП Кингсли Коман
35 Германија ГМ Александар Нубел
41 Германија ОД Крис Ричардс
35 Португалија СР Ренато Санчес

Освоени титули[уреди | уреди извор]

Најдобар состав на сите времиња[уреди | уреди извор]

На 1 јуни 2005 година, Бајерн ги објавил резултатите од јавното гласање за најдобар тим на сите времиња, на кое гласале над 66 000 навивачи на клубот:

Вториот тим[уреди | уреди извор]

Бајерн Минхен II
СтадионСтадионот Грунвалдер
Минхен, Германија
Капацитет10,240
ТренерГерманија Ерик тен Хаг
ЛигаРегионална лига - Бајерн
2017–18Регионална лига - Бајерн, 2-ри
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Бајерн Минхен II (до 2005 ФК Баjерн Минхен аматери) е, исто така, професионален тим кој од 2011 година се натпреварува во четвртата лига по ранг односно Регионалната лига. Овој тим се наоѓа меѓу јуниорите и сениорите и обично се состои од перспективни играчи на возраст од 18 до 23 години. Од 1973 до 2011 година, тимот постојано се натпреварувал во третата лига. Од 2013 година тренер на тимот е Ерик тен Хаг, а негови соработници се Герд Милер и Рајнер Улрих.[3].

Во 1983 и 1987 година, Баерн Минхен аматери стигнале до финалето на Германското аматерско првенство. Со воведувањето на регионални лиги како трета лига по ранг во 1994 година, тимот директно се квалификувал за Регионалната лига - Југ и играл во оваа лига до 2008 година, кога со освојувањето на осмата позиција се квалификувале за новоформираната 3 Лига. Во својата прва сезона во 3. Лига, вториот тим на Баерн завршил на петтото место во сезоната 2008-09. Претходно пак, во сезоната 2003-04 Баерн Минхен аматери го освои првото место во Регионалната лига - Југ со играчи како Звјездан Мисимовиќ, Петар Троховски и Паоло Гереро. Во Купот на Германија аматерите на Баерн првиот добар резултат го имале во сезоната 1993-1994 кога стигнале до осмина-финалето каде биле елиминирани на пенали од Тенис Борусија Берлин. Следната сезона 1994-1995 како и во сезоната 2004-2005, тимот го остварил најдобриот резултат во ова натпреварување достигнувајќи дури до четврт-финалето, каде биле елиминирани од Волфсбург и од Вердер соодветно. На патот до овие успеси во Купот на Германијата Баерн аматери елиминирале неколку екипи од Бундеслигата како Вердер Бремен, Штутгарт, Келн и Борусија Менхенгладбах. Од 2008 година резервните екипи немаат право на учество во Купот на Германија.

Од вториот тим произлегле многу играчи кој подоцна заиграле за првиот тим, подоцна станале ѕвезди во Баерн Минхен и во репрезентацијата, а меѓу нив најпознати се Маркус Бабел, Филип Лам, Овен Харгривс, Бастиан Швајнштајгер и помладите Холгер Бадштубер и Томас Милер.

Бајерн II ги игра своите натпревари на Стадионот Грунвалдер, кој во почетокот бил стадион на првиот тим на Бајерн и Минхен 1860, додека тие не се преместиле на Олимпискиот стадион во 1972 година. Денес, покрај Бајерн II, Стадионот Грунвалдер го користи и вториот тим на Минхен 1860. Поради реновирање овој стадион бил затворено во сезоната 2012-13, па тимот својте домашни натпревари за таа сезона ги играл во Шпортпарк Хајмстетен во источниот дел на Минхен.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Австрија ГМ Иван Лучиќ
2 Германија ОД Херберт Пол
3 Германија ОД Филип Стеинхарт
4 Германија ОД Штефан Бук
5 Германија ОД Едвин Шварц
6 Германија СР Рико Стридер
7 Германија НП Тобијас Швајнштајгер
9 Германија НП Герит Вегкамп
10 Германија СР Басијан Фишер
11 Германија НП Патрик Веихрауч
12 Германија ГМ Андреас Росл
13 Германија ОД Џузепе Лео
14 Франција НП Стивен Рибери
Бр. Позиција Играч
15 Германија ОД Матијас Строхмајер
16 Грција СР Ангелос Оиконому
17 Германија СР Лукас Гертлер
18 Того ОД Коџови Кусу
19 Германија СР Себастијан Бесел
20 Германија ОД Никола Јелишиќ
22 Германија СР Рикардо Баста
23 Германија НП Александер Зигхарт
24 Австрија ОД Патрик Пучегер
25 Германија ГМ Леополд Зингерле
26 Германија НП Ленарт Ингман
35 Германија ГМ Даниел Милер

Тренер и стручен кадар[уреди | уреди извор]

Тренерот на Баерн II: Ерик тен Хаг.
Име Функција
Тренерски штаб
Ерик тен Хаг Тренер
Рајнер Улрих Пом. тренер
Герд Милер Пом. тренер
Валтер Јунганс Тренер на голманите
Оддел за медицина
Волкер Браун Тимски доктор
Штефан Милер Физиотерапевт
Хелмут Ерхард Физиотерапевт
Хајнц Планк Негувател

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Бајерн Минхен информатор на македонски јазик [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "На Бајерн му годат рекордите, но ја сака титулата", Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 24.
  2. „Бајерн првпат со профит од преку половина милијарда евра“, Вест, година XV, број 4297, среда, 15 октомври 2014, стр. 42.
  3. Erik ten Hag übernimmt FC Bayern II, fcbayern.de, преземено на 13 март 2015