Географија на Сан Марино
Сан Марино е држава на Апенинскиот Полуостров.
Граници
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на земјата изнесува 61,2 км2 , и според тоа се наоѓа на 220 место по големина во светот. Таа е земја што не излегува на море и е енклава во Италија, односно заобиколена е од Италија.
Најголемиот град во Сан Марино е Догана (во состав на општината.
Население
[уреди | уреди извор]Вкупното население на Сан Марино брои околу 29.973 жители. Густината на населеноста изнесува 489 жит/км2.
Клима
[уреди | уреди извор]Сан Марино има површина од 60,57 квадратни километри. Оддалеченоста помеѓу најсеверната и најјужната граница на Сан Марино изнесува 12 километри. Највисок врв е Титано,[1] чија височина изнесува 739 метри. Климата е влажна суптропска, но е поблага од онаа во приморјето поради надморската височина.[2] Во лето температурата варира од 20°С до 30°С, а во зима од -2°С до 10°С.[3]. Просечните врнежи изнесуваат 550 мм годишно.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Титано во живо“. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2009-07-23.
- ↑ „Climate-Data.org > Europe > San Marino Climate“ (англиски). Посетено на 2020-09-10. Занемарен непознатиот параметар
|web=
(help) - ↑ „Метеоролошко-климатолошки центар на Сан Марино“. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 2009-07-23.