(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Влатко Богдановски — Википедија

Влатко Богдановски

Влатко Богдановски (Битола, 31 декември 1964) — македонски шахист. Игра за клубот СК Алкалоид Скопје.

Влатко Богдановски
Влатко Богдановски на Европското екипно првенство во Варшава 2013
ЗемјаМакедонија
Роден(а)31 декември 1964(1964-12-31)(59 г.)
СР Македонија, СФР Југославија
ТитулаВелемајстор (1993)
Врвно котирање2515 (1993, 1994)

Животопис

уреди

Богдановски е роден во Битола во 1964 година. Основно образование завршил во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, а средно образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во 1983 година во родниот град. Образованието го продолжил на Филозофскиот факулет во Скопје отсек новинарство, кое го завршил во 1988 година и се здобил со звањето дипломиран новинар.

Кариера

уреди

Трипати го има освоено поединечното првенство на Македонија: 1993, 1995 и 2009 година. Исто така трипати бил републички првак: 1986, 1987 и 1989 година, како и еднаш на Отвореното првенство во 2013 година (во период кога не се организирало Затворено првенство).[1]

За Македонија настапувал на седум шаховски олимпијади: 1994–2000, 2004, 2012 и 2014 година. Учествувал и на четири Европски екипни првенства (1997-2001 и 2013) и едно Светско екипно првенство (2001).

Во 1988 година ја добил титулата меѓународен мајстор (ММ), а во 1993 година титулата велемајстор (ВМ).

Во 2018 година станал ФИДЕ тренер.

Наводи

уреди
  1. „Македонските шаховски шампиони и нивните рекорди!“. Дерби. 6.7.2020. Посетено на 10 октомври 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди