(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Порторико — Википедија

Порторико (англиски и шпански: Puerto Rico, „Пуерто Рико“ = „богато пристаниште“) — остров во Карипското Море и територија на САД со комонвелтски статус. Островот е најмал од Големите Антили и се наоѓа источно од Доминиканската Република, а западно од Девствените Острови. Главен град е Сан Хуан.

Државна заедница Порторико
Estado Libre Asociado de Puerto Rico  (шпански)
Commonwealth of Puerto Rico  (англиски)
Знаме Грб
Гесло
латински: Joannes Est Nomen Eius
шпански: Juan es su nombre
англиски: John is his name.
македонски: Јован е неговото име
ХимнаLa Borinqueña

Местоположба на Порторико
Главен град
(и најголем)
Сан Хуан
18°27′N 66°6′W / 18.450° СГШ; 66.100° ЗГД / 18.450; -66.100
Службен јазик шпански и англиски [1]
Народности  Белци 75.8%, Црнци 12.4%, Азијци 0.2%, Староседелци 0.5%, SOR 7.8%, други 3.3% (2010)[2]
Демоним Порториканец
Уредување република
 •  Претседател Доналд Трамп
 •  Гувернер Рикардо Росејо
 •  Федерален законодавен оддел Конгрес на САД
Законодавство Собрание
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Претставнички дом
Независност САД САД 
 •  Отцепување 10 декември 1898 from
Шпанија Шпанија 
 •  Автономија 25 ноември 1897[3] 
Површина
 •  Вкупна 9,104 км2 (169-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за 2011 г. 3,706,690 (130-та во свет; 29-та во САД)
 •  Густина 418 жит/км2 (29-та во свет; 2-ра во САД)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $ 108.441 милијарди[4] (-)
 •  По жител $ 27,384.27[5] (н.п.)
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $98.76  милијарди[6] (58)
 •  По жител $26,588[6] (34)
Џиниев коеф. (2011)53.1[7]
висок
ИЧР (2012)0.865[8]
многу висок · 29та
Валута Американски долар (USD)
Часовен појас AST (UTC–4)
 •  (ЛСВ)  (UTC–4)
Се вози на десно
НДД .pr
Повик. бр. +1 (+1-787 и +1-939)

На 6 ноември 2012 година во Порторико се одржал референдум за политичката состојба на оваа територија. Имено, населението избирало дали Порторико да остане територија на САД, да стане 51 држава на САД или да стане независна држава во слободна соработка со САД. Според резултатите, мнозинството население одлучило Порторико да стане 51 држава на САД, за што се чека потврда од Конгресот на САД.

Етимологија

уреди

Порторико на шпански значи „богато пристаниште“. Оригиналното име на островот е Борикен, име кое го користелен Таиноанците и тоа значи „земја на храбриот господар“.[9][10][11] Така, Порториканците својата држава често ја именуваат како Боринкен (Borinquen), изведена верзија од оригиналното име. Колумбо го именувал островот како Сан Хуан Баутиста, во чест на Св. Јован Крстител. Сепак, со тек на времето трговците започнале да го именуваат островот како Порторико, а Сан Хуан останало име на главниот град.

Историја

уреди

Кристофер Колумбо го посетил островот Порторико при своето второ патување во 1493 година, по што тој станал дел од шпанските колонии. Во текот на Шпанско-американската војна, САД го освоиле островот и на 10 декември 1898 година го анектирале. Во 1917 година Порторико добил внатрешна автономија, а на 25 јули 1952 година добил комонвелтски статус.

На референдум во 1967 и 1993 година граѓаните на Порторико се изјасниле против независност на островот од САД, а на референдумот од 1998 година се изјасниле и против редефинирање на комонвелтскиот статус на Порторико, кој би значел поголема автономија во однос на САД.

Наводи

уреди
  1. Nancy Morris (1995). Puerto Rico: Culture, Politics, and Identity. Praeger/Greenwood. стр. 62. ISBN 0-275-95228-2.
  2. 2010 Census Data. „2010 Census Data“. 2010.census.gov. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2011-10-30.
  3. „Carta Autonómica de 1897 de Puerto Rico“. Lexjuris.com. Посетено на 2011-10-30.
  4. „Penn World Tabbles - PWT - Version 7.0“. University of Pennsylvania. Архивирано од изворникот на 2012-05-01. Посетено на May 2, 2012.
  5. „Penn World Tabbles - PWT- Version 7.0“. University of Pennsylvania. Архивирано од изворникот на 2012-05-01. Посетено на May 2, 2012.
  6. 6,0 6,1 „Government Development Bank of Puerto Rico, May 2011“ (PDF). gdb-pur.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-31. Посетено на June 2, 2011.
  7. „Household Income for States: 2010 and 2011“ (PDF). U.S. Census Bureau. September 2012. Посетено на 16 мај 2014.
  8. An Approximation of Puerto Rico's Human Development Index (Forthcoming), Ricardo R. Fuentes-Ramírez, Caribbean Studies Journal Архивирано на 13 јули 2014 г.
  9. Allatson, Paul. Key Terms in Latino/a Cultural and Literary Studies, p. 47. Malden, Mass: Blackwell Publishing, 2007. ISBN 1-4051-0250-0.
  10. Dictionary: Taino Indigenous Peoples of the Caribbean Retrieved: February 21, 2008. (Based on the encyclopedia Clásicos de Puerto Rico, 2nd edition. Ed. Cayetano Coll y Toste. Ediciones Latinoamericanas, S.A., 1972.).
  11. Grose, Howard Benjamin (August 8, 2006). H. B. Grose, Advance in the Antilles: the new era in Cuba and Porto Rico, Presbyterian Home Missions, 1910. Посетено на February 6, 2011.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди