Сперма
Сперма (грчки: σπέρμα, што значи "семе") — поим кој се однесува на машките полови клетки. Во типологијата на сексуалната репродукција, со поимите анисогамија (anisogamy) и оогамија (oogamy) е означена разликата во големината на гаметите, при што помалата се нарекува "машка" или сперматозоидна клетка.
Човечка сперма
уредиЧовечката сперматозоидна клетка е т.н. хаплоид (haploid), при што нејзините 23 хромозоми можат да се придружат на 23-те хромозоми на женската јајце-клетка и да формираат т.н. диплоид (diploid) клетка.
Сперматозоидните клетки не можат да се делат и имаат ограничен животен век, но по соединувањето со јајце-клетките, за време на оплодувањето, се создава зигот кој има потенцијал да се развие во нов организам.
Во последните неколку години научниците во светот ја истражуваат можноста за добивање сперматозоиди од ембрионалните матични клетки.[1]
Сперма кај животните
уредиСперматозоидите кај животните се произведени преку сперматогенеза во внатрешноста на машките гонади (тестиси) преку мејозна делба. Сперматозоидните клетки на цицачите можат да живеат до 3 дена внатре во женскиот репродуктивен систем.
Сперма кај растителни видови
уредиСперматозоидните клетки во алгите и кај многу растителни гаметофити се произведуваат во машките гаметангии - антеридии (antheridia) преку митозна делба. Кај цветните растенија, сперматозоидните јадра се наоѓаат во поленот.
Надворешни врски
уреди- Научниците создадоа вештачка сперма Архивирано на 9 јули 2010 г.
Извори
уреди- ↑ „Сперматозоиди од матични клетки“. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2009-11-15.