(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Сар (река): Разлика помеѓу преработките — Википедија Прејди на содржината

Сар (река): Разлика помеѓу преработките

Координати: 49°42′5″N 6°34′11″E / 49.70139° СГШ; 6.56972° ИГД / 49.70139; 6.56972 (Мозел-Сар)
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Cycn (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена (од Cycn) и ја поврати преработката 3436852 на Bjankuloski06
Ред 56: Ред 56:
[[Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц]]
[[Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц]]
[[Категорија:Мозелски слив]]
[[Категорија:Мозелски слив]]
[[Категорија:Географија на Големиот Исток]]
[[Категорија:Географија на Лорена]]
[[Категорија:Географија на Алзас]]

Преработка од 15:22, 22 јули 2019

Сар
Местоположба
Физички особености
УстиеМозел
49°42′5″N 6°34′11″E / 49.70139° СГШ; 6.56972° ИГД / 49.70139; 6.56972 (Мозел-Сар)
Должина246 км
Особености на сливот
Изворот на Црвен Сар
Изворот на Бел Сар

Сар (француски: Sarre, германски: Saar) — река во североисточна Франција и западна Германија, десна притока на Мозел. Извира во венецот Вогези на границата на Алзас и Лорена (Лотарингија) и тече на север во Мозел кај градот Трир. Настанува како две првични реки — Црвен Сар и Бел Сар, кои се спојуваат во Лоркен), а извираат кај врвот Донон, највисокиот на северните Вогези. По 246 км (126 км во Франција и 120 км во Германија), Сар се влева во Мозел кај Конц (Рајнска област-Пфалц), помеѓу Трир и границата со Луксембург. Според германски извори, реката е долга 235 км[1]. Сливот зафаќа површина од 7.431 км2.

Реката во минатото имала големо значење за јаглената, железната и челичната индустрија на областа Сар, која денес е покраина. Нејзините текови служеле за превоз на суровини и готови производи преку Сарскиот канал, каналот Марна-Рајна и Рајна до областа Рур или пристаништето Ротердам во Холандија.

Германскиот дел од реката има улога на воден пат, создаден со продлабочување на коритото, изградба на брани[2] и исправување на течението, денес по неа не се одвива значаен товарен сообраќај.

Сар тече низ следниве департмани во Франција, сојузни покраини во Германија и населени места:

На бреговите на сар е сместена Фелклингенската железарница, заштитена како светско наследство на УНЕСКО. Во Метлах реката го образува својот познат јамчест свиок. Долното поречие во Рајнската област-Пфалц е развиено лозарството, каде претежно се одгледува ризлинг. Сè до почетокот на XX век, крај реката имало многу повеќе насади кои достигнувале сè до Сарбрикен. На почетокот на XXI век извесни лозари почнале повторно да садат лозници покрај бреговите.

Поважни притоки

Галерија

Наводи

  1. MULEWF Rheinland-Pfalz: Saar, abgerufen am 25. September 2012
  2. Schleusen an der Saar – Wasser- und Schifffahrtsamt Saarbrücken

Надворешни врски

  • Сар — база „Сандр“