(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Трст — Википедија Прејди на содржината

Трст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трст
Trieste, Trst
општина
A collage of Trieste showing the Piazza Unità d'Italia (formerly known as Piazza Grande), the Canal Grande, the Serbian Orthodox church, a narrow street of the Old City, the Castello Miramare and the city seafront.
A collage of Trieste showing the Piazza Unità d'Italia (formerly known as Piazza Grande), the Canal Grande, the Serbian Orthodox church, a narrow street of the Old City, the Castello Miramare and the city seafront.
Знаме на ТрстГрб на Трст
ЗемјаИталија
РегионФурланија-Јулиска краина
ПокраинаТрст (TS)
ПоделоциБани (Бане), Барковље (Баркола), Базовица, Борго Сан Нацарио, Катинара, Ферлуги (Конконело), Контовел (Коновело), Грљан (Грињано), Гропада, Лоњер (Лонгера), Мирамар (Миарамаре), Опчине (Опичина), Падриче (Падричано), Просек (Прозеко), Криж (Санта Кроче), Шкедењ (Сервола), Требче (Требичано)
Управа
 • ГрадоначалникРоберто Конзолини (PD)
Површина
 • Вкупна84 км2 (32 ми2)
Надм. вис.&100000000000000020000002 м
Население (1 јануари 2011)[1]
 • Вкупно205.535
 • Густина2,400/км2 (6,300/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.34100
Повик. бр.040
Светец-заштитникСв. Јуст Трстјански
Слава3 ноември
Мреж. местоМатична страница

Трст (словенечки и српскохрватски: Trst, италијански: Trieste, унгарски: Trieszt, латински: Tergeste и германски: Triest) е важен град и пристаниште во Италија на брегот на Јадранското Море со околу 205.000 жители,[1] во близина на границата со Словенија. Градот е средиште на истоимената покраина Трст како и регионот Фурланија-Јулиска краина.

Трст денес е единствен град во Италија кој што се наоѓа на источниот брег на Јадранот, доста близу до Словенија и Хрватска. Градот е некој вид на „италијанска испостава“ во Југоисточна Европа. Во Трст и денес постои значајно словенечко национално малцинство, а во градот постојат и живи трагови од останатите јужнословенски народи (Срби, Хрвати).

Трст исто така е и една од најважните пристаништа на бреговите на Средоземјето. Некогаш бил и „царско пристаниште“ на „Хабсбурговците“, а денес е најважно поморско пристаниште за внатрекопнена Австрија.

Положба на градот

Трст се наоѓа во крајниот североисточен дел на Италија, на самата граница со Словенија, која што го опкружува градот од југ и исток. на запад од градот се наоѓа Јадранското Море, а на север блиски врски со остатокот од Италија. Од престолнината Рим, Трст е оддалечен 670 километри, а од најблискиот поголем град, словенечката Љубљана 95 километри.

Природни одлики

Релјеф: Трст се развил во крајниот северен дел на Јадранското Море. Градот е сместен на местото каде што се наоѓа последните ридови на Динарските планини спуштајќи се кон Падската Низина на запад. Падот на крајбрежните ридови кон морето е доста нагол, па затоа поголемиот дел од градот е главно ридаст. Единствено урбаното срце е сместено во приморските рамнини. Во околината на градот има многу предели со изразени варовнички облици на релјефот.

Kлима: климата во Трст е изменето средоземна клима со значајно влијание од континенталниот Север. Па затоа зимите се поостри, а летата се по благи отколку во другите делови на Италија. Како последица на овој судар на климите се јавуваат доста силни ветрови (бура)

Вода: Јадранското Море во овој дел е најладно и нема сина боја како во јужните делови. Копнениот водоток го нема поради варовничкиот релјеф.

Историја

Просторот на кој што се наоѓа денешен Трст бил населен уште од праисторијата имено во 3000 година п. н. е. овде се населило племето Карни. Во 177 година п. н. е. просторот го освоиле Римјаните и тогаш за првпат се спомнува денешното име на градот во обликот Tergeste. Подоцна градот припаѓал на Византија, потоа на Империјата на Франките, и на крај на нејзините наследници.

Во 1382 година Трст припаѓал на Хабсбурговците. Во првите пар векови нивни од нивната долготрајна власт градот го зачувал големиот степен на автономија. Во XVIII век развојот на трговијата во Трст бил рапиден, а со самото тоа Трст станува најважно пристаниште во служба на тогашниот царски град Виена, а со самото тоа Трст постепено ја губел својата автономија. Истовремено започнува и изградбата на поголеми градски пристаништа, а со самото тоа и започнала изградбата на современ град. Тогаш градот се здобил и со космополитски карактер, со доселувањето на луѓе од сите делови на Хабсбуршката монархија.

Трст до крајот на Првата светска војна имал голема италијанска, словенечка, хрватска, фурланска, но и германска и уште некои други народни заедници. Со стапувањето на шовинистичкиот режим на власт во Италија била во ситуација каде што имало големо иселување на неиталијанското население или нејзино присилно истерување. Единствено големиот број на Словенци успеале до денес да ја задржат својата национална свест.

На крајот на Втората светска војна градот бил ослободен од страна на југословенските партизани, а потоа избила криза околу припадноста на Трст и околината. Односите помеѓу тогашна Југославија и Италија биле доведени до тоа ниво што дури имало и закани со војна. Треба да се земе во обзир фактот дека на Сојузниците не им било во интерес дека на Југославија треба да припаѓа еден таков економски и психолошки важен град како Трст. Меѓу западните сојузници бил силен ставот границите со Италија да се повратат во предвоена состојба. Па така било создадено привременото решение за „ничија“ Слободна територија Трст. Изостанокот на посилната советска поддршка на Југославија бил причината за таков исход. Меѓутоа, подоцна Југославија била поделена и Трст со блиската околина припаѓал на Италија.

Како што е наведено пограничниот град без зависни области Трст во втората половина на XX век заостанал со развојот на остатокот од државата и губел население. Овој процес, иако ублажен во последните децении, до денес не е завршен.

Население

Во 2008 година Трст имал нешто преку 200.000 жители, скоро исто како и на почетокот на XX век, а за 50.000 помалку од пред половина век. Општото опаѓање на населението во текот на деценијата се одразува и на градското население кое е исклучително старо - просечен жител на Трст има 46 години. Природниот прираст во градот е вкупно 7,6%, најмалку од сите значајни италијански градови.

Градот денес има значително помала национална разновидност наспроти ситуацијата пред еден век. 94% од жителите се граѓани на Италија. Меѓу нив постои и значаен број на припадници на словенечкото национално малцинство, кои токму во Трст го имаат своето културно средиште. Останатите 6& се доселеници од сите краеви на светот, но најмногу од Балканот.

Во градот се зборува италијанскиот јазик, иако традиционално се користи доста посебна венецијанска варијанта. Словенечкиот јазик има статус на јазик на малцинството.

Главниот дел и градскиот кеј

Економија

Трст е најмногу познат како важно пристаниште. Посебно е важен за економијата во Австрија. Градското пристаниште го завзема поголемиот дел од градот. Последните децении вложено е многу во нејзиното оживување (изградба на нафтен терминал).

Трст за време на распаѓањето на „втората Југославија“ било важно „шопинг средиште“ за Југословените. Овде со децении се набавувала евтина западна роба. Меѓутоа, војните на југословенските простори, но и либерализацијата на пазарот скоро и да го уништила овој вид на економија.

Градски знаменитости

Трст го сачувал своето старо градско јадро од XVIII и XIX век. Трст по својот „северен“ изглед и правилната улична мрежа е потполно различен од другите јадра на италијанските градови, затоа што влијанието на „хабсбуршката архитектура“ бил значаен. Па така, Трст повеќе потсеќа на Виена отколку Венеција или Верона. Градот има голем број плоштади со многу цркви, палати, зданија и споменици. Поради стеснувањето зградите од Трст, па дури и оние кои се стари повеќе децении, имаат значителна катност.

Поврзано

Галерија на слики

Надворешни врски


Предлошка:Link FA

Збратимени градови

Трст е збратимен со следните градови:

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Вкупно постојано население на 1 јануари 2011 по пол и брачен статус. Покраина: Трст“. Национален статистички институт на Италија (ISTAT). 19 септември 2011. Посетено на 29 декември 2012. (англиски)
  2. „Збратимени градови на Грац“. Портал на Грац. Посетено на 2010-01-05. (англиски)