(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Бикини (атол) — Википедија Прејди на содржината

Бикини (атол)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 23:37, 20 јуни 2015; направена од KasparBot (разговор | придонеси) (embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Карта на Маршалските Острови

Во Тихиот Океан се наоѓа и атолот Бикини кој е дел од Маршаловите Острови. Знамето на Бикини е засновано на знамето на САД. Покрај црвено-белите риги содржи и 23 ѕвезди кои ги претставуваат островите на Бикини Атолот. Трите црни ѕвезди во горниот десен агол ги симболизираат трите острови кои исчезнале при тестирањето на 15 мегатонската атомска бомба на 1 март 1954 г. Двете црни ѕвезди во долниот десен агол ги претставуваат двата острова на кои жителите на Бикини биле присилно евакуирани. Употребата на истиот дизајн како и американското знаме е со цел да ја прикаже одговорноста која владата на Соединетите држави по атомските тестови ја имаат кон Бикинијанците. На знамето пишува и OTEMJEJ REJ ILO BEIN ANIJ (Сè е во божји раце) за да потсетува на барањето на владата на САД островот привремено да го изнајми за доброто на човештвото.

Поврзано

[уреди | уреди извор]