(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Фимоза — Википедија Прејди на содржината

Фимоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 01:05, 14 декември 2015; направена од ГП (разговор | придонеси) (нова страница)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Фимоза - деформација која се изразува како стеснување на кожата на пенисот.

Опис и симптоми

Фимозата претставува стеснување на кожата на пенисот поради што таа не може да отиде преку главата на пенисот. Претесниот отвор на кожата влијае врз нормалното функционирање на пенисот. Се проценува дека околу 2% од машкото население има вродена фимоза. Како посебен вид деформација се јавува парафимозата кај која, исто така, постојат тешкотии поврзани со кожата на пенисот, меѓутоа, во овој случај, кожата е зад главата на пенисот при што не може да се растегне нанапред.[1]

Лекување

Лекувањето на фимозата и парафимозата се спроведува со хируршка интервенција (обрежување), а се применуваат и стероидни кремови и техники за растегнување на кожата на пенисот.[2]

Наводи

  1. „И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.
  2. „И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.