(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Саронски Залив — Википедија Прејди на содржината

Саронски Залив

Координати: 37°47′N 23°23′E / 37.783° СГШ; 23.383° ИГД / 37.783; 23.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 10:22, 21 март 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Саронски Залив
Σαρωνικός κόλπος
Карта
Местоположба на Саронскиот Залив
ПодрачјеАтика и Пелопонез
Координати37°47′N 23°23′E / 37.783° СГШ; 23.383° ИГД / 37.783; 23.383
Видзалив
Дел одЕгејско Море
Сливни земјиГрција

Саронски Залив (грчки: Σαρωνικός κόλπος) — залив во Грција помеѓу полуостровите Атика и Арголида, отворен кон Егејското Море. Ја определува источната страна на Коринтската Провлака, која ја пресекува со Коринтскиот Канал. Саронските Острови во островот одиграле клучна улога во историјата на Грција, при што кај најголемиот Саламина се одиграла значајната поморска битка во Грчко-персиските војни. Северниот крај е зафатен од Мегарскиот Залив.

Главниот град Атина лежи близу северниот брег на Саронскиот Залив.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Заливот е наречен по митскиот крал Сарон кој се удавил во Псифејското Езеро. Саронскиот Залив бил низа од шест влеза во подземниот свет,[1] секој од нив под стража на подземен непријател во облик на крадец или разбојник.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во заливот се одиграла значајната Битката кај Саламина, недалеку на запад од денешен Пиреј. Во оваа поморска битка кај островот Саламина атињаните извојувале победа над персискиот крал Ксеркс, обезбедувајќи го местото на Атина како лулка на старогрчката и европската цивилизација.

Тука се наоѓало древното пристаниште Кенхреи.

Географија

[уреди | уреди извор]

Заливот ги опфаќа островите Егина, Саламина и Порос, заедно со помалите острови Патроклос и Флевес. Пристанишниот град Пиреј (пристаништето на Атина) е сместено на североисточниот раб на заливот. На североисток се наоѓал и поранешниот меѓународен аеродром „Елиникон“.

По голем дел од брегот се протегаат плажи, и тоа Порос до Епидаур, од Галатаки до Кинета и од Мегара до Елевсина и од Пиреј до Анавис. Градското подрачје на Атина го обиколува северниот и источниот брег.

Помали заливи во Саронскиот залив се Фалерн и Елевсинскиот Залив на север, Кехрискиот Залив на северозапад и Софичкиот Залив на исток.

На југозапад е вулканот Метана, заедно со Кромионија кај Коринтската Превлака, Егина и Порос. Топлата сулфурна вода на ова подрачје избива на површината и е искористена за топли бањи. Последниот забележан избув е на подводен вулкан северно од Метана, кој се случил во XVII век.

Заливот има рафинерии околу неговиот северен дел: источно од Коринт и западно од Агии Теодори, Елевсина, Аспропиргос, Скарамангас и Керацини. Тука се произведува најголемиот дел од нафтените производи во Грција, од кои највеќето се извезуваат. Водите на заливот се доста прометни поради стопанските пловила до рафинериите, Пиреј и каналот.

Во тие предели преовладуваат раседните линии, особено во северозападниот дел.

Широк поглед на Саронскиот Залив од островот Порос.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „The Underworld in Greek Mythology“. Greek Legends and Myths (англиски). Посетено на 2019-06-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]