Монторо (Италија)
Монторо Montoro | |
---|---|
општина | |
Поглед на Сант'Еустакио и Сан Пјетро | |
Монторо во покраината Авелино | |
Земја | Италија |
Регион | Кампанија |
Покраина | Авелино (AV) |
Управа | |
• Градоначалник | Марио Бјанкино |
Површина | |
• Вкупна | 40,14 км2 (1,550 ми2) |
Надм. вис. | 190 м |
Население (2022)[1] | |
• Вкупно | 19.195 |
• Густина | 4,8/км2 (12/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 83025 |
Повик. бр. | 0825 |
Светец-заштитник | Никола Толентински |
Слава | 10 септември |
Мреж. место | Матична страница |
Монторо (италијански: Montoro, неаполски: Muntuorë; месно: Montorë) — општина во покраината Авелино на регионот Кампанија, јужна Италија. Седиште е гратчето Пјано.
Историја
Општината е создадена на 3 декември 2013 г. по одржаниот референдум со кој се споени дотогашните општини Монторо Инфериоре и Монторо Супериоре (Долно и Горно Монторо).[2] Во 2015 г. добил статус на град со претседателски указ потпишан од Серџо Матарела.[3]
Географија
Општината се наоѓа во југозападниот дел на покраината, на границата со покраината Салерно. Се граничи со општините Брачиљано, Калванико, Контрада, Фишано, Форино, Меркато Сан Северино и Солофра.[4]
Поделоци
Општината има 15 поделоци:
- Атерана
- Банѕано
- Боро
- Калијано
- Кјуза
- Мишано
- Пјано
- Пјаца ди Пандола
- Претуро
- Сан Бартоломео
- Сан Пјетро
- Сан Феличе
- Сант'Еустакио
- Торкјати
- Фиљоли
Сообраќај
Монторо го опслужуваат три железнички станици на линијата Беневенто-Авелино-Салерно: Монторо-Форино (во Пјано), Борго и Монторо Супериоре (меѓу Торкјати и Банцано).
До општината водат два излеза од автопатот RA2 Салерно-Авелино: „Монторо Југ“ (Montoro Sud) кај Пјаца ди Пандола и „Монторо Север“ (Montoro Nord) кај Торкјати.
Личности
- Агостино Кардамоне (р. 1965) — боксер
- Џузепе Де Фалко (1908-1955) — политичар
- Лионело Де Феличе (1916-1989) — филмски режисер
Наводи
- ↑ Извор: Istat 2015
- ↑ Италијански регионален закон бр. 16, 11 ноември 2013 г. (италијански)
- ↑ Монторо стана град со потпис на Матерела (италијански)
- ↑ 40789 Montoro на OpenStreetMap
Надворешни врски
„Montoro“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Монторо (италијански)
- Монторо на порталот „Италијански општини“ (италијански)
- Монторо на порталот „Цела Италија“ (италијански)