(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Карелски јазик — Википедија Прејди на содржината

Карелски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карелски јазик
karjal
kariela
karjala
Застапен воРусија, Финска
ПодрачјеРепублика Карелија, Тверска област
НародКарелијци
Говорници(35,000 во 1994–2010 г.)e17
Јазично семејство
уралско
Писмокарелска азбука
Признаен како малцински во
 Финска[1]
Република Карелија[2]
Јазични кодови
ISO 639-2krl
ISO 639-3krl

Карелски (karjala, karjal или kariela) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Карелскиот се зборува во руската Република Карелија. Карелскиот е сроден со финскиот јазик и некои фински јазичари го сметаат карелскиот за дијалект на финскиот јазик.[3]

Денес нема стандарден карелски јазик, па така секој писател си користи одреден дијалект. Пишаните норми биле развиени за севернокарелскиот, односно олонецкиот, тверскиот и лјудскиот дијалект. Сите дијалекти, освен тверскиот, се пишуваат на латиница.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Карелскиот е дел од балтофинските јазици, од семејството на уралски јазици. Јазикот е сроден со финскиот јазик.[4] Финскиот и карелскиот имаат заеднички предок, пракарелскиот, кој се зборувал покрај брегот на езерото Ладога. Карелскиот создава дијалектен континуум со финскиот.[5] Порано финските јазичари го сметале јазикот за дијалект на финскиот, но денес не е така. Покрај овие два, во оваа група е и естонскиот јазик.

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Карелскиот го зборуваат нешто над 30.000 лица во Русија, повеќето во Карелија. Карелскиот исто така се зборува во Финска, каде се проценува дека има околу 5.000 лица.[3] Поради војните и регрутациите во минатото, Карелијците во Финска не сочинуваат една компаткна заедница, туку се расштркани низ земјата.[6]

Во Република Карелија јазикот е признат за малцински јазик.[2] Од 1990-те има движење во Републиката кое се залага за давање службен стгатус на јазикот во Карелија.[7] Карелијците во Тверската област имаат национално-културна автономија и имаат право на употреба на карелскиот во училиштата и медиумите.[8] Во Финска, јазикот е признат како нерегионален национален малцински јазик.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Change in the regulation by the president of Finland about European Charter for Regional or Minority Languages, 27.11.2009 Архивирано на 11 октомври 2017 г. (in Finnish)
  2. 2,0 2,1 „Законодательные акты: О государственной поддержке карельского, вепсского и финского языков в Республике Карелия“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2014-07-03.
  3. 3,0 3,1 „Kotimaisten kielten tutkimuskeskus :: Karjalan kielet“. Архивирано од изворникот на 2013-12-10. Посетено на 2010-06-06.
  4. „The Red Book of the Peoples of the Russian Empire – THE KARELIANS“. Посетено на 2010-06-06.
  5. http://www.helsinki.fi/hum/sugl/oppimat/imsjohd/suomi.html
  6. „ELDIA project - Karelian“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2010-07-10.
  7. „Koulunjohtaja Paavo Harakka - Esitelmä valtakunnallisilla kotiseutupäivillä“. Посетено на 2010-06-06.
  8. „The Karelian Language and Tver Karelian Cultural Autonomy“. Посетено на 2010-07-31.[мртва врска]
  9. „FINLEX - Asetus alueellisia kieliä tai vähemmistökieliä koskevan eurooppalaisen peruskirjan voimaansaattamisesta“. Архивирано од изворникот на 2020-02-13. Посетено на 2010-06-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]