Нивичани
Нивичани | |
Координати 41°57′19″N 22°20′14″E / 41.95528° СГШ; 22.33722° ИГД | |
Општина | Кочани |
Население | 233 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Шифра на КО | 13025 |
Надм. вис. | 682 м м |
Нивичани на општинската карта Атарот на Нивичани во рамките на општината | |
Нивичани на Ризницата |
Нивичани — село во Општина Кочани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Нивичани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Дамјаница на 3 км југоисточно од селото. Покрај тоа, целиот атар изобилува со остатоци од градби од доцната антика.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]
Во 2002 година во селото живееле 343 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 233 жители, од кои 217 Македонци, 2 Албанци и 14 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | 498 | 552 | 624 | 625 | 575 | 433 | 382 | 364 | 343 | 233 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Нивичани е македонско село.
Родови во селото се: Орашци (7 к.) најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци (10 к.) и Терзици (8 к.) порано биле еден род, доселени се од некое село во Скопско, го знаат следното родословие: Стојко (жив на 56 г. крајот на 50-тите) Атанас-Јосиф-Трајчо, се доселил неговиот дедо; Парастаци (11 к.) потеклото им е од Саса кај Македонска Каменица; Огњановци (5 к.), Деповци (4 к.), Џирговци (2 к.) и Миленковци (1 к.) за нивното место на старина не се знае, родовите Деповци и Миленковци порано имале многу повеќе куќи, но се расипале; Прдлевци (5 к.) доселени се од некое село крај Вардар, затоа порано ги викале Вардарци, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 41 г. крајот на 1950-тите) Спиро-Стојмен-Сребрен-Велко, кој се доселил; Шоповци (4 к.) доселени се од селото Пашаџиково во 1910 година.[8]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 870 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Во Селото — населба од доцноантичко време
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Дамјаница — населба од неолитско време
- Ѓурова Ливада — населба од доцноантичко време
- Митров Дол — некропола од доцноантичко време
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од ова село највеќе иселеници има во Кочани. Таму се иселиле преку 20 семејства. Некои се иселени во Кочани уште од 1905 година.
До 1959 година 3 семејства се иселиле во Скопје, а 2 семејства се иселиле во Белград.
Иселеници исто така има и во некои пониски кочански села, како Долни Подлог (Митеви и Доневи), Бања (Парастаци). Во Мојанци е иселено 1 семејство. А исто така и во Облешево.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 178-179. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|