Ар
Единица | најблиска SI | основна SI |
---|---|---|
1 ca | 1 m2 | 1 m2 |
1 a | 1 dam2 | 102 m2 |
1 ha | 1 hm2 | 104 m2 |
100 ha | 1 км2 | 106 m2 |
Споредби вон SI | ||
вон SI | метричка | основна SI |
119.6 sq yard | 1 a | 102 m2 |
1076.39 sq ft | 1 a | 102 m2 |
Ар (симбол: a) е мерна единица за површина, еднаква на 100 метри квадратни (10 m × 10 m), која се користи за изразување на големина на земјиште. Оваа единица била дефинирана според постарите облици во метричкиот систем, и така денес не припаѓа на системот SI.[1]
Оваа единица се користи во многу земји, а особено многу во Индонезија, француско-, португалско-, словачко-, чешко-, полско-, холандско- и германско-говорни земји за мерење на недвижности; во останатите земји обично се користи квадратниот метар. Арот понекогаш се користи во комбинација со центиарот, како да речеме „10 ари 12 центиари“ = 1012 m2. Поголеми земјишта се мерат во хектари. Во земјите кои порано биле под турска власт се користи декарот, честопати под локални називи. Други претставки за множители или делители на арот не се користат вон науката. Постојат и други локални единици кои се точни множители на арот, како на пример тајландскиот раи (= 16 a).
„Сотка“
[уреди | уреди извор]Арот е стандардна единица мерка за приватни плацови и парцели (наспроти големи индустриски и земјоделски имоти) во Русија и сите земји на поранешниот Советски Сојуз. Но бидејќи изворниот збор „ар“ никогаш не се употребувал во Русија, за мерење земјиште постои само зборот „хектар“, додека арот се нарекува „сотка“ (мак. стотка, т.е. стотинка). Така, во рускиот јазик хектарот игра улога на основна единица, а сотката е изведена, со значење „центихектар“, или (1 a × 100 ÷ 100).
Претворање
[уреди | уреди извор]Еден ар е еднаков на:
Метрички
[уреди | уреди извор]- 0.0001 км2 (квадратни километри)
- 0.01 ха (хектари)
- 1 дам2 = 10 m × 10 м (квадрат со страна од 10 метри)
- 100 м2 (квадратни метри)
- 100 ca (центиари)
Англиски единици
[уреди | уреди извор]- 0.000 038 610 2 квадратни милји (статутни)
- 0.024 710 538 меѓународни акри
- 0.024 710 439 американски геометарски акри
- приближно 1076.39 квадратни стапки
Други
[уреди | уреди извор]- 0,1 стрема
Поврзано
[уреди | уреди извор]- 1 E2 m² за споредба со други површини
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Боршура на SI (VIIII изд.)“. МБТМ. 2006. (англиски)