(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Klebsiella — Википедија Прејди на содржината

Klebsiella

Од Википедија — слободната енциклопедија
Klebsiella
Klebsiella pneumoniae
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Proteobacteria
Класа: Gammaproteobacteria
Ред: Enterobacteriales
Семејство: Enterobacteriaceae
Род: Klebsiella
Trevisan 1885
Species

K. granulomatis
K. oxytoca
K. pneumoniae
K. terrigena
K. planticola (until 2001)

Klebsiella претставува Грам негативно стапченце, без спори, без флагели но има капсула. Расте на едноставни подлоги најчесто ендоагар и дава големи мазни, сјајни и слузави колонии со розова или црвена боја.
Отпорна е на надворешната средина и на многу антибиотици. Ги разградува јаглехидратите со продукција на киселина и гасови. Според токсичноста ослободува ендотоксин.

Епидемиологија

[уреди | уреди извор]

Извор на инфекцијата е болен човек или клицоносител, се пренесува директно или аерокапково и индиректно преку секрети и екскрети од болниот. Најосетливи се децата, лица над педесет години, како и лиза со намалена отпорност.
Заболувањата кои ги предизвикува се системски поделени:

    1. Заболувања на респираторен систем:
      • ринитис, ларингитис, фарингитис, бронхитис, бронхопнеумонија, лобарна пневмонија, како и воспаление на параназалните синуси.
    2. Заболувања на гастроинтестинален систем:
      • цревни растројства, со гадење повраќање и проливи.
    3. Заболувања на урогенитален систем:
      • циститис[1], уретритис, гломерулонефритис.
    4. Заболувања на мозок:
      • менингитис.
    5. Заболување на крвта:

Може да предизвика сепса.

Дијагноза

[уреди | уреди извор]

Се поставува бактериолошки се зема материја во зависност од локализацијата. Од материјата се праваат два препарати, едниот се бои по Грам а другиот по Туш методата на БУри, во исто време се врши засејување на земениот материјал.

Терапија

[уреди | уреди извор]

Бидејќи Клебсиела е отпорна на повеќе антибиотици. Терапијата се дава по антибиограм. Најефикасен лекови се Гарамицинот, Стрептомицинот и Сулфонамидот.

Имунитет

[уреди | уреди извор]

Краткотраен.

Профилакса

[уреди | уреди извор]

Болничка изолација, дезинфекција, хигиенско отстранување на изметот, урината и отпадоците. Редовна бактериолошка и хемиска контрола на водата за пиење и прехранбените производи. Редовно миење на рацете и приборот за лучна хигиена, како и откривање на клицонсителите кои не смеаат да работаат со прехранбени производи.

  1. Циститис-Воспаление на бешиката