Јозеф Милослав Хурбан
Јозеф Милослав Хурбан Jozef Miloslav Hurban | |
---|---|
Јозеф Милослав Хурбан | |
Роден(а) | 19 март 1817 Бецков, Кралство Унгарија (денес Словачка) |
Починал(а) | 21 февруари 1886 Хлбоке, Кралство Унгарија (денес Словачка) | (возр. 68)
Јозеф Милослав Хурбан (словачки: Jozef Miloslav Hurban; 19 март 1817 — 21 февруари 1886) — предводник на Словачкиот национален совет и на Словачкото востание во 1848/1849 година, писател, новинар, политичар, организатор на словачкиот културен живот и протестантски свештеник. Прв го поддржал Јан Колар, но подоцна се свртел кон Људовит Штур. Неговиот син Светозар Хурбан-Вајански ги следел стапките на татко му како писател и националист.
Градот Хурбаново во јужниот дел на Словачка и астероидот 3730 Хурбан се именувани по него.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Роден во семејство на евангелистичкиот свештеник Паул Хурбан и неговата жена Ана, родена Вересова,[1] бил крстен како Јозеф Луис. Имал постара сестра Тереза Сузан, која како и самиот Хурбан, е родена во Бецков.[2] Го поседувал училиштето во Тренцин, а потоа во периодот 1830-1840, Евангелистичкиот лицеј во Братислава. Тука го запознал Луис Стур, кој му ги побудил патриотските чувства. Станал свештеник во 1840 година. Сакал да го продолжи образованието во Германија, но од финансиски причини се решил најпрвин да работи, за да си го дозволи студирањето. По стапувањето во црквата служел како евангелистички капелин во Брезова, а од 1843 година бил свештеник во Хлбоке. Во 1860 година го завршил понатамошното образование и од 1866 година бил суперинтендант на Словачката Евангелистичка Црква. Се оженил со Ана Јурковичова, со која имал четири ќерки и пет сина (помеѓу нив бил и писателот Светозар Хурбан-Вајански).
Живот
[уреди | уреди извор]Јозеф Милослав Хурбан ги предводел словачката книжевност и јавниот живот скоро половина век. Бил непоколеблив борец за националните права на Словаците, непомирлив непријател на унгарската владејачка класа и пионер во словенското заедништво. Особено во помладите години бил меѓу словачките радикални противници на феудализмот и преовладувањето на паразитското благородништво во Унгарија.
За неговата непоколеблива борба бил прогласен за предавник и комунистички агитатор. Исто така, ја поставил основата на словачката книжевна историографија. Со националистот Татрина бил соосновач на Словачкиот театар во Нитра. Хурбан станал познат како писател, издавач на книжевни алманаси, како издавач и уредник на верски списанија.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јозеф Милослав Хурбан на Ризницата ?
- Јозеф Милослав Хурба (словачки)
|