(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Аеродром Загреб — Википедија Прејди на содржината

Аеродром Загреб

Координати: 45°44′35″N 016°04′08″E / 45.74306° СГШ; 16.06889° ИГД / 45.74306; 16.06889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Фрањо Туѓман Загреб

Zračna luka Franjo Tuđman Zagreb
Податотека:Zagreb Airport blue logo.png
Општо
ТипPublic/Military
СопственикGroupe ADP
ОператорMZLZ d.d.
Опслужуван градЗагреб
МестоположбаVelika Gorica, Croatia
Јазол заCroatia Airlines
Фокусен град заRyanair
Надморска височина353 ft / 108 м
Координати45°44′35″N 016°04′08″E / 45.74306° СГШ; 16.06889° ИГД / 45.74306; 16.06889
Мрежно местоzagreb-airport.hr
Карта
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Croatia" does not exist
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
04/22 3.252 10,669 Concrete/asphalt
Статистика (2023)
Number of passengers3,723,650 19.17%
Aircraft movements45,726 8.07%

Аеродромот во Загреб (IATA: ZAG, ICAO: LDZA), кој е исто така познат и како аеродром Плешо е главен меѓународен аеродром кој ја опслужува Хрватска, а исто така и една од главните бази на Хрватското воено воздухопловство. Croatia Airlines ја воспостави својата централа на аеродромот. Со зголемување на сообраќајот од 14%, експанзијата на аеродромот е неминовна и веќе е започната во почетокот на 2008 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото поле во Загреб кое беше користено за летање е изградено 1909 година и беше користено од Едуард Славољуб Пенкала за испробување на авионите што тој самиот ги конструирал. Во 1927 година, Чарлс Линдберг слетува близу Загреб, во месноста викана Боронгај, по преминувањето на Атлантикот. Аеродромот започна со цивилно воздухопловство на 15 февруари 1928 година. После втората светска војна, комерцијалното воздухопловство беше преместено во воздушна база близу селото Лучко, југозападно од Загреб, на 1 април 1947 година. Рекордот го достигна 1959 година со 167,000 патници годишно. На 20 април 1962 година, повторно аеродромот беше поместен, овој пат на местото каде и денес се наоѓа, а тоа е близу селото Плешо. Најпрвин беше отворен со 2,500 метри долга писта и 1.000 метри² голем терминал. Нов 5000 метри² голем терминал беше отворен во 1966 година, како и експанзија на паркингот на аеродромот. Во 1974 година, пистата беше надградена на сегашните 3,250 метри и терминалот проширен на сегашните 12,000 метри². Аеродромот својот рекорд во превезени патници го доби 1979 година со 1,91 милиони патници. Во 2004 година на аеродромот е инсталиран нов систем за слетување CAT IIIb. VIP терминалот беше завршен и е сместен југозападно од главниот терминал.

Експанзија и модернизација

[уреди | уреди извор]

Нов терминал е планиран да се изгради до 2011 година. Планот, кој веше направен уште во 1997 година има капацитет од 11 порти за авионите, терминална зграда од 47,000 метри², и капацитет од 3 милиони патници на годишно ниво. Но, во 2007 на планот беа направени некои измени, па така, капацитетот е зголемен на 3,3 милиони патници на годишно ниво. Сегашниот план беше дизајниран од Тед Најсмит, и во него е вклучено ресторани, продавници, банки како и хотел кој ќе биде поврзан со подземен тунел со хотелот. Изградбата се очекува да чини околу 212 милиони евра и изградбата да трае од 2008 до 2010 година. Сегашниот терминал се очекува да биде приспособен во терминал за ниско буџетни авиопревозници.

Превозници и одредишта

[уреди | уреди извор]
Боинг 747-400 на Japan Airlines слетува на аеродромот во Загреб

Товарни превозници

[уреди | уреди извор]

Чартер летови

[уреди | уреди извор]