Александар Џамбазов
Александар Џамбазов | |
---|---|
Портрет на Џамбазов | |
Животописни податоци | |
Родено име | Александар Џамбазов |
Роден(а) | 3 февруари 1936 Стапар, СФР Југославија |
Починал(а) | 25 јануари 2022 Скопје, Македонија | (возр. 85)
Занимања | композитор, диригент |
Александар Џамбазов (3 февруари 1936 во Стапар — 25 јануари 2022 во Скопје) — македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика.[1] Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Животопис
[уреди | уреди извор]Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство.
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
Награди
[уреди | уреди извор]Добитник е на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.[2]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во брак бил со познатата македонска глумица Анче Џамбазова.
Негов син е познатиот глумец и шумен Игор Џамбазов, а има и ќерка Тања Џамбазова.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1636. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Почина композиторот и диригент Александар Џамбазов“. Сакам да кажам. 25 јануари 2022.
Извори
[уреди | уреди извор]- Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7.
|