Алсат
Алсат М | |
---|---|
Сопственик | VeVe Group Mк |
Држава | Скопје, Македонија |
Јазик | Албански, македонски |
Седиште | ДТЦ Мавровка, ламела Ц, кат 9, Скопје |
Претходно име | Alsat-M |
Веб-страна | alsat.mk |
Достапност | |
Терестријална телевизија | |
Дигитална | Канал 011 |
Сателитска телевизија | |
Total TV | Албански екран (порано) |
Кабелска телевизија | |
А1 | Канал ? |
Telekabel | Канал ? |
Достапна на повеќето кабелски оператори | Проверете ги локалните оператори за достапност |
IPTV | |
Max TV | Канал 022 |
Семрежно емитување | |
MaxTV GO | maxtvgo.mk (само за корисници на МТ) |
A1 Web TV | webtv.a1.mk (само во Македонија) |
ТВ Алсат М (албански: Alsat M) — македонска национална приватна телевизија која емитува програма на албански и македонски јазик од 1 март 2006 година. Програмската шема на Алсат-М во Македонија се претставува со нов формат, различен од тој во Албанија, кој е целосно посветен на информативната програма. ТВ Алсат-М освен информативниот дел, за гледачите во Македонија нуди и нови програмски содржини и најавува квалитетни емисии од различни новинарски жанрови. Програмската шема предвидува емисии од образовен карактер, култура, спорт, како и емитување филмови, документарни емисии и забавни емисии за младите. Алсат-М во рамките на својата програма предвидува и дебатни емисии во кои отворено ќе се зборува за различни теми од општествениот живот[1][2].
Од 1 јуни 2006 година гледачите можат да ги следат вестите на Алсат телевизија на македонски јазик. Информативниот блок на македонски јазик се емитува во 22,30 часот и има траење од половина час. Вестите се преведувани од албански јазик и презентирани во полчасовната информативна емисија. „Целта е нашите гледачи да ги разберат вестите кои ги презентираме со оглед на тоа што сме национален концесионер. Не сакаме паралелни редакции, туку сакаме да создадеме една компактна редакција каде што новинарите - Македонци и Албанци ќе работат заедно“, вели главниот и одговорен уредник на Алсат, Мухамед Зекири. Вестите ги подготвуваат новинарите од информативниот дел на редакцијата. „Почнуваме со една емисија вести која се надеваме набргу ќе застане на свои нозе, па потоа ќе можеме да ја прошириме и со други термини“, вели Зекири. Тој додава дека тие почнале и да ги титлуваат документарните емисии од албански на македонски јазик.
Серии
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Webpage Profile“. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 2015-01-14.
- ↑ „Alsat-M Broadcasting DOO“. Архивирано од изворникот на 2017-12-22. Посетено на 2024-01-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|