(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Алфред Кастлер — Википедија Прејди на содржината

Алфред Кастлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфред Кастлер
Роден(а)мај 3, 1902(1902-05-03)
Гибвилер, Алзас, Германско Царство
Починал(а)7 јануари 1984(1984-01-07) (возр. 81)
Бандол, Франција
НационалностФранција Французин
ПолињаФизика
УстановиПариски универзитет (Сорбона)
Француска академија на науки
Докторски менторПјер Дор
Поважни наградиНобелова награда за физика (1966)

Алфред Кастлер (француски: Alfred Kastler 3 мај 19027 јануари 1984) — француски физичар и нобеловец.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Кастлер е роден во Гибвилер, Алзас, Германско Царство и подоцна го посетувал средното училиште "Bartholdi" во Колмар, Алзас и ENS (École Normale Supérieure) во Париз во 1921. По студиите, во 1926 почнал да предава физика во средното училиште на градот Милуз, а потоа предавал во Бордискиот универзитет, каде бил универзитетски професор сè до 1941. Жорж Брут го повикал назад во ENS, каде конечно станал директор во 1952.

Во соработка со Жан Бросел, истражувал на полето на квантната механика, интеракцијата помеѓу светлината и атомите, а исто така и спектроскопијата. Кастлер, работејќи на комбинација од оптичка резонанца и магнетна резонанца, ја создал техниката на „оптичко пумпање“. Оваа работа довела до комплетирање на теоријата за ласери и масери.

Ја добил Нобеловата награда за физика во 1966 „за откривањето и развојот на оптички методи на изучување на Херцова резонанца во атомите“.

Тој бил претседател на одборот на институтот за теоретска и применета оптика и работел како прв претседател на невладината организацијаАкција против гладот“.

Кастлер исто така пишувал поезија (на германски). Во 1979 тој објавил "Europe, ma patrie: Deutsche Lieder eines französischen Europäers" („Европа, моја татковина: Германски песни од француски европеец“).

Кастлер (приближно 1967)

Кастлер-броселова лабораторија

[уреди | уреди извор]

Професор Кастлер го поминал поголемиот дел од неговата истражувачка кариера во ENS каде по војната со неговиот студент, Жан Бросел, основал мала истражувачка група за спектроскопија.

За време на наредните четириесет години, оваа група тренирала многу млади физичари и имала значително влијание на развивањето на науката на атомска физика во Франција. Херцовата лабораторија за спектроскопија тогаш била преименета во Кастлер-броселова лабораторија во 1994 и има дел од лабораторијата во универзитетот „Пјер и Марија Кири“, главно во ENS.

Професор Кастлер починал на 7 јануари 1984, во Бандол, Франција.[2]

  1. Happer, William (May 1984). „Obituary: Alfred Kastler“. Physics Today. 37 (5): 101–102. Bibcode:1984PhT....37e.101H. doi:10.1063/1.2916219. Архивирано од изворникот на 2020-03-27. Посетено на 2015-03-21.
  2. Sullivan, Walter (8 January 1984). „Dr. Alfred Kastler, 81, Nobel Prize-Winner, Dies“. New York Times. Посетено на 2010-11-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]