(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Анри Барбис — Википедија Прејди на содржината

Анри Барбис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анри Барбис
Анри Барбис во Москва во 1933 година.
Роден/а17 мај 1873(1873-05-17)
Ањер на Сена, Франција
Починат/а30 август 1935(1935-08-30) (возр. 62)
Москва, Советски Сојуз
Занимањеписател
Националностфранцузин
Период1916-1935
ПредметПрва светска војна
комунизам
Значајни делаОгнот (1916)

Анри Барбис (француски: Henri Barbusse, роден на 17 мај 1873 во Ањер на Сена[1] - починал на 30 август 1935 во Москва) — француски писател, романописец и новинар, член на Француската комунистичка партија. Тој бил долгогодишен пријател на Алберт Ајнштајн[2].

Станал познат со својот антивоен роман „Огнот“ („Le Feu“), издаден во 1916 година. Во основата на писателот стојат неговите преживувања за време на Првата светска војна. Книгата ја изразува растечката омраза кон милитаризмот. За овој роман, тој ја има освоено наградата „Гонкур“.

Подоцнежните негови дела како „Manifeste aux Intellectuels“ покажуваат јасно наведена револуционерна позиција. Есента 1925 година тој учествувал во основањето на „Комитет за заштита на жртвите од фашизмот и белиот терор во балканските држави“. Покрај него во комитетот влегле луѓе како истакнатиот француски општественик Жан Вилар и белгиската општественичка Поле Лами. Добивајќи ја општата поддршка на прогресивната европска јавност, комитетот ја посетил Бугарија, Романија и Југославија и покрај жестокото спротивставување на полицијата во тие земји. По враќањето, членовите развивиле активна јавна активност во заштита на настраданите од белите терор.

  1. Time Magazine, Monday, 9 September 1935
  2. Einstein on Politics, Princeton University Press, 2007

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: