Атанас Вангелов
Атанас Вангелов | |
---|---|
Роден/а | 6 февруари 1946 Богданци, СФРЈ (денес Македонија) |
Починат/а | 24 октомври 2021 Скопје, Македонија |
Занимање | Писател |
Атанас Вангелов (Богданци, 6 февруари 1946 — Скопје, 24 октомври, 2021) — македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Богданци. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1967 година.[1]
Атанас Вангелов извршувал и политички функции, во 1994 година бил избран за пратеник во Собранието кога бил и член на Парламентарното собрание на Советот во Стразбур, а во 2004 година бил назначен за амбасадор во Унгарија.[2]
Творештво
[уреди | уреди извор]- Земјата на цветот (поезија, 1966),
- Препев на планината (поезија, 1970),
- Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971),
- Живеалиште (поезија, 1974),
- Глетки и пивиденија (поезија, 1977),
- Песме / Песни (1978),
- Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978),
- Преданија (поезија, 1978),
- Литературни студии (1983),
- Строго доверливо (поезија, 1985),
- Решето (критики, 1985),
- Неодредени лични заменки (драма, 1986),
- Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987),
- Траги (поезија, 1991),
- Преписите на Божин Павловски (студија, 1992),
- Микрочитања (критики, 1993),
- На безгласје глас (поема, 1994),
- Гласови и траги (поезија избор, 1995),
- Исказот и стварноста (критики),
- Водопад (поезија, 1998),
- Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998),
- Pro et contra македонизми (критики, 1998).
Награди
[уреди | уреди извор]Добитник на наградите:
- „Млад борец“,
- „Браќа Миладиновци“,
- „Божидар Настев“,
- „Димитар Митрев“,
- „Златно перо“,
- „Григор Прличев“.[3]
- „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието (2021)[4]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Атанас Вангелов“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-11-07.
- ↑ „ИН МЕМОРИАМ ПРОФ. Д-Р АТАНАС ВАНГЕЛОВ (1946 – 2021), ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ“. Државен архив. 25.10.2021. Посетено на 14 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 48.
- ↑ „АТАНАС ВАНГЕЛОВ, ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ, БЕДИА БЕГОВА И МАХИ НЕСИМИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ"“. СДК. 4 октомври 2021. Посетено на 11 октомври 2021.
- Родени во 1946 година
- Луѓе од Богданци
- Луѓе од СФРЈ
- Починати во 2021 година
- Починати во Скопје
- Починати во Македонија
- Македонски писатели
- Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Добитници на наградата „Григор Прличев“
- Добитници на наградата „11 Октомври“
- Македонски пратеници
- Македонски амбасадори