Велигденче
Велигденче | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Лисичинковидни |
Семејство: | Лисичинки |
Род: | Велигденче |
Вид: | Велигденче |
Научен назив | |
Pulmonaria officinalis L. | |
Синоними | |
|
Велигденче или медуника (науч. Pulmonaria officinalis) — зелјесто растение и едно од првите кое цветаат во пролет. Има ризом. Расте само или во грмушки, стеблото е високо до 30, листовите блиску до земјата се со петелка, а горните се седечки. Листовите се зелени, а можат да имаат и бели дамки. Цветовите се развиваат на врвот од стеблото, со црвено-виолетова боја (во зависност од возраста на цветот).
Расте речиси насекаде, распространето е низ цела Европа: по ливади и шуми, најмногу му одговара влажно и длабоко земјиште. Се користи како лек за белодробни заболувања и кашлица (оттука доаѓа и неговото име во српскиот јазик плућњак). Корисен е и за чистење на крвта и нејзино зајакнување. Младите ластари се богати со витамини и можат да се јадат и како салата. При берење треба да останат недопрени најмалку 30% од растенијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Chadburn, H. (2014). „Pulmonaria officinalis“. Црвен список на загрозени видови. 2014: e.T202970A2758321. doi:10.2305/IUCN.UK.2014-1.RLTS.T202970A2758321.en. Посетено на 18 ноември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Велигденче на Ризницата ?
- Е-аптека - Велигденче
- Kirka farma Архивирано на 4 март 2016 г.
- Велигденче - лековити растенија[мртва врска]
|