(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Влада на Србија — Википедија Прејди на содржината

Влада на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зграда на Владата На Република Србија

Владата на Република Србија е носител на извршната власт во Република Србија.

Владата ја избира Народното собрание на Србија, а ја сочинуваат претседателот на Владата, еден или повеќе потпретседатели и министри.

Надлежност

[уреди | уреди извор]

Според Уставот на Република Србија, Владата:

  • ја утврдува и спроведува политиката
  • ги извршува законите и другите општи акти на Народното собрание
  • донесува одлуки и други општи акти за имплементација на законите
  • предложува закони на Народното собрание и други општи акти и дава мислење кога нив ги поднесуваат други предложувачи
  • ја насочува и хармонизира работата на органите на државната управа и врши надзор над нивната работа
  • врши и други работи утврдени со Уставот и законот

Покрај тоа, Владата е одговорна кон Народното собрание за политиката на Република Србија, за примената на законите и другите општи акти на Народното собрание и за работата на органите на државната управа.

Историјат на свикувања на Владата

[уреди | уреди извор]

Сегашен состав на Владата на Република Србија

[уреди | уреди извор]

Владата на Ана Брнабиќ е тековното свикување на Владата на Република Србија, избрано на 29. јуни 2017 г.

Таа е втора влада која ја избра Единаесеттото свикување на Народното собрание на Република Србија. За кабинетот на Ана Брнабиќ се изјаснија вкупно 212 пратеници - "за" гласале 157 пратеници, а 55 биле "против".

Моменталната Влада на Република Србија е 15-та по ред од обновувањето на повеќепартискиот систем во Србија.

Владата на Република Србија моментално има осумнаесет министерства и три министри без ресор. По предлог на кандидатите за Претседател на Владата, Народното собрание на Република Србија го одредува бројот на потпретседателите на Владата, на министрите и на министрите без ресор.

Составот на Владата е следниот:[1]

Влада на Република Србија од 29. 6. 2017.
Функција Слика Име и презиме Партија Белешка
Претседател на Владата Ана Брнабиќ непартиска личност
Прв потпретседател на Владата
Министер за надворешни работи
Ивица Дачић Ивица Дачиќ СПС
Потпретседател на Владата
Министер за внатрешни работи
Небојша Стефановић Небојша Стефановиќ СНС
Потпретседател на Владата
Министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура
Зорана Михајловић Зорана Михајловиќ СНС
Потпретседател на Владата
Министер за трговија, туризам и телекомуникација
Расим Љајић Расим Љајиќ СДПС
Министер за одбрана Александар Вулин Александар Вулин ПС
Министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ СПС
Министер за правда Нела Кубуровиќ
Министер за економија Горан Кнежевиќ СНС
Министер за финансии Душан Вујовић Душан Вујовиќ
Министер за земјоделство и заштита на животната средина Бранислав Недимовиќ СНС
Министер за култура и информации Владан Вукосављевиќ
Министер за млади и спорт Вања Удовичић Вања Удовичиќ СНС
Министер за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ
Министер за здравство Златибор Лончар непартиска личност
Министер за рударство и енергетика Александар Антић Александар Антиќ СПС
Министер за вработување и социјални прашања Зоран Ђорђевић Зоран Ѓорѓевиќ СНС
Министер за европски интеграции Јадранка Јоксимовић Јадранка Јоксимовиќ СНС
Министер за заштита на животната средина Горан Триван СПС
Министер без ресор Славица Ђукић Дејановић Славица Ѓукиќ Дејановиќ СПС
Министер без ресор Милан Кркобабиќ ПУПС
Министер без ресор Ненад Поповиќ СНП

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]