(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Гевелсберг — Википедија Прејди на содржината

Гевелсберг

Координати: 51°19′0″N 7°20′0″E / 51.31667° СГШ; 7.33333° ИГД / 51.31667; 7.33333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гевелсберг

Gevelsberg

Поглед на Гевелсберг
Поглед на Гевелсберг
Поглед на Гевелсберг
Грб на Гевелсберг
Гевелсберг во рамките на Германија
Гевелсберг
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Арнсберг
Округ Енепе-Рур
Градоначалник Клаус Јакоби (СПД)
Основни податоци
Површина 26,27 км2
Надм. височина 160 м
Население 31.198 (31 декември 2023)[1]
 - Густина 1.188 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EN
Пошт. бр. 58285
Повик. бр. 0 23 32
Портал gevelsberg.de
Местоположба на градот Гевелсберг во рамките на округот Енепе-Рур
Карта
Карта
Координати 51°19′0″N 7°20′0″E / 51.31667° СГШ; 7.33333° ИГД / 51.31667; 7.33333
Зграда во Гевелсберг.
Црквата „Св. Енгелберт“.

Гевелсберг (германски: Gevelsberg) — град во округот Енепе-Рур, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот е лежи во долината на реката Енепе во Јужните Ридишта, кои се дел од Рајнските Шкрилни Планини. Гевелсберг е некаде на половина пат помеѓу Вупертал и Хаген, и сместен е во индустриската област Рур. Најниското место е реката Енепе кај Фогелсанг (132 м), а највисокото е ридскиот врв Хагебелингер Копф (336 м). Долг е 7,1 км во правец исток-запад, и исто толку во правец север-југ.

  • Азбек
  • Берге
  • Гевелсберг
  • Зилшеде

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот има речиси осумвековна историја. Тука на 7 ноември 1225 г. настрадал Келнскиот архиепископ Енгелберт II, убиен од неговиот братучед, грофот Фридрих Изенбершки.

Во XIX век населението значително се зголемило, претежно поради развојот на железарството.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Гевелсберг е поврзан со државната патна мрежа со сојузниот автопат A 1 и сојузните патишта B 7 и B 234.

Општината ја опслужуваат неколку регионални железници на сообраќајното друштво „Рајна-Рур“. На месната линија од Хаген до Вупертал има четири станици (Гевелсберг-Кнап, Главната железничка станица, Гевелсберг-Кип и Гевелсберг Запад) на кои застануваат возовите S 8 на Рајнско-рурската приградска железница. Во Енепетал запираат три воза на „Регионал-експрес“, и тоа „Вупер-експрес“ (RE 4) помеѓу Дортмунд и Ахен преку Диселдорф, „Рајн-Минстерланд“ (RE 7) помеѓу Крефелд и Минстер преку Келн и Хам и „Мас-Вупер-експрес“ (RE 13) помеѓу Фенло (Холандија) и Хам преку Менхенгладбах.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Гевелсберг е збратимен со:[2]

Празници

[уреди | уреди извор]
  • Гевелсбершки панаѓур — последен викенд во јуни
  • Квеленфест — секоја година на празниокт Вознесение Христово, од четврток до недела

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Во градот се родени или живеат следниве позначајни личности:

Белешки
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „List of Twin Towns in the Ruhr District“ (PDF). © 2009 Twins2010.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-16. Посетено на 2009-10-28. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]