(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Дејан Дуковски — Википедија Прејди на содржината

Дејан Дуковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејан Дуковски (Скопје, 25 април 1969) — истакнат македонски драмски автор. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија[1].

Книжевно творештво (драми)

[уреди | уреди извор]
  • „Балканска гротеска“ (1988)
  • „Последниот балкански вампир“ (1989)
  • „Силјан штркот шанца“ (1991)
  • „Џинот и седумте џуџиња“ (1991)
  • „Балканот не е мртов“ (1992)
  • „Буре барут“ (1994)
  • „Маме му ебам кој прв почна“ (1996)
  • „Другата страна“ (2003)
  • „Празен град“ (2007)[2]

Сценарија за играни филмови

[уреди | уреди извор]
  • „Светлосиво“ (1993)
  • „Буре барут“ (1995)

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

Според сценариото на „Буре барут“ е снимен игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI - награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда,„Бронзена камера 300“ на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (Битола, 1998); Гран-при на меѓународен филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999).

„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска, Бугарија.

  • Награда за најдобар современ драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за драмските текстови „Балканот не е мртов“ (1993) и „Буре барут“ (1995);
  • Гран-при на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст „Маме му ебам кој прв почна“ (Белград, 1997)
  1. Ристевски, Гоце (2001). Преглед на современата македонска драма. Штрк.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 84.