Експресионистичка архитектура
Експресионистичката архитектура се јави како плод на архитектонското движење коешто се појави во Европа во првата декада од XX век, паралелно со експресионизмот на визуелната и изведбената уметност. Терминот „Експресионистичка архитектура“ во основа ги опишува активностите од германската, холандската, австриската, чешката и данската авантгарда од 1910 близу до 1924 година. Денес значењето на експресионизмот се прошири независно од времето и локацијата за оние објекти коишто ги негуваат квалитетите на оригиналното движење, а коишто се однесуваат на: искривување, фрагментарност или динамичност (поврзаност со силата) или со пренагласувањето.
За експресионизмот како движење во архитектурата помало значење имаше нагласувањето на конструкцијата, материјалот и функцијата, отколку истакнувањето на мислата на архитектот, неговите желби, емоции како и неговите погледи кон светот. Питер Беренс, основоположникот на експресионизмот ја овоплоти идејата за универзален уметник. Неговата фабрика за турбини во Берлин (1908-09) претставуваше патоказ за модерната архитектура и со неа сметал дека ја симнал маската на историзмот. Со проектот за фабриката Фагус во Берлин (1910-14) архитектите Валтер Гропиус и Адолф Мајер прават исчекор во поглед на дематеријализацијата на фасадните ѕидови од објектот со примена на големи застаклени површини. Со овој објект тие го пророкуваат вистинскиот јазик на рационализмот.
Кога пристапот на експресионистите кон декорацијата стана повоздржан, беше јасно колку е флексибилна поделбата помеѓу нив и архитектурата на рационализмот како во поглед на проширената предност, така и во поглед на стереометриската архитектура. Ова беше случај со творештвото на Ерих Менделсон. Неговата „Кула на Ајнштајн“ во Потстдам беше изведена во форма на скулптура со динамичен изглед којашто не беше архаична и тешка како на пр. објектите на Гауди.[1]
- ↑ 1930-, Konstantinovski, Georgi; 1930-, Константиновски, Георги. Patot na eden arhitekt : 1958-2013. Skopje. ISBN 9789989328091. OCLC 1003585479.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)