Ел Пасо е седиштето на округот Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас. Се наоѓа во југозападот на земјата. Според пописот од 2020, градот има 678,815 жители[1]. Тој е шестиот најголем град во Тексас и 21 најголем град во САД. Округот Ел Пасо брои 736,310 жители.
Ел Пасо се наоѓа на брегот на реката Рио Гранде, наспроти градот Хуарез кој е од другата страна на границата, во Мексико. Двата града формираат двонационална метрополитенска област со околу 2,280,782 жители.
Археолошките докази во местата Кистоун и Хуеко Тенкс укажуваат на постоење на населба во регионот на Ел Пасо која постоела илјадници години (видете: Моголонска култура). Манзо, Сума и ЈуманоИндијанците биле откриени од најраните шпански истражувачи. Овие луѓе се асимилирале во локалните дојденски народи, станувајќи дел од Местицо културата која е превалентна во Мексико и делумно во југозападот на САД. Други, пак, се смешале со различните групи на Мескалеро Апачи кои талкале со години низ овој регион.