Во минатото, златото се добивало преку миење на златоносниот песок по реките и потоците, додека денес се користат посовремени методи за негова експлоатација. Во природата, златото се среќава често во форма на електрум (смеса од самородно злато и сребро) или како придружен метал во рудниците на бакар или во кварцните вени. Најголемите рудници на злато во светот се наоѓаат во Јужноафриканската Република. Други големи производители се Кина, САД, Австралија, Русија, Перу и Канада.
Во 2014 година, светскиот пазар на злато изнесувал 3.924 тони. Почнувајќи од 1919 година, цената на златото се одредува на берзата во Лондон, каде двапати дневно, во 10:30 и во 15 часот по лондонско време, група банки, преку процес на наддавање, врши фиксирање на цената на златото (изразена во долари, фунти и евра). Сепак, по Глобалната финансиска криза од 2008 година се појавиле сомнежи дека, наместо на конкурентски начин, големите банки меѓу себе тајно ја договараат цената на златото. Во февруари2015 година, весникот „Волстрит џурнал“ објавил дека Американското министерство за правда и Комисијата за термински стокови трансакции отвориле истрага за можните манипулации со цената на скапоцените метали на светскиот пазар. Претходно, пред судот во Њујорк биле обединети 25 поединечни тужби против неколку големи европски банки за наводно местење на цената на златото.[4]
„Дијаманти и злато“ (англиски: Diamonds & Gold) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[10]
„Куќа на златото“ (англиски: House of Gold) - песна на американскиот музичар Хенк Вилијамс (Hank Williams).[11]
„Чисто злато“ (англиски: Solid Gold) — музички албум на британската рок-група Gang of Four од 1981 година.[12]
„Злато и љубов“ (германски: Gold Und Liebe) — музички албум на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[13]
„Златан треска“ (англиски: Goldrush) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.[14]
„Копање злато“ (англиски: Mining for Gold) - песна на американската група Каубој џанкис (Cowboy Junkies) од 1988 година.[15]
„Во треската на златната прашина“ (англиски: In The Gold Dust Rush) - песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.[16]
„Златото наспроти душата“ (англиски: Gold Against The Soul) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.[17]
„Злато“ (англиски: Gold) - песна на британската поп-група Спандау балеј (Spandau Ballet) од 1983 година.[18]
„Жена од златна прашина“ (англиски: Gold Dust Woman) - песна на американската рок-група Флитвуд Мек (Fleetwood Mac) од 1977 година.[19]