(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Кнежје — Википедија Прејди на содржината

Кнежје

Координати: 41°50′51″N 21°54′19″E / 41.84750° СГШ; 21.90528° ИГД / 41.84750; 21.90528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кнежје

Поглед кон селото од Вилазора

Кнежје во рамките на Македонија
Кнежје
Местоположба на Кнежје во Македонија
Кнежје на карта

Карта

Координати 41°50′51″N 21°54′19″E / 41.84750° СГШ; 21.90528° ИГД / 41.84750; 21.90528
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 57 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24017
Надм. вис. 390 м
Слава Спасовден
Кнежје на општинската карта

Атарот на Кнежје во рамките на општината
Кнежје на Ризницата

Кнежје — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во западниот дел на територијата на Општина Свети Николе, на десната страна на Светиниколска Река. Со оглед на тоа што од самиот град Свети Николе е оддалечено само 4 километри, селото припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 390 метри.[2]

Селото се наоѓа 3,5 километри југозападно од гратчето Свети Николе, сместено во сува долина. Низ долината водел некогашниот пат Велес-Свети Николе-Куманово. Жителите со вода за пиење се снабдувале од една чешма, спроведена од изворот Горни Бавчи.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Река, Градиште, Под Лозја, Горни Ливади, Мангале, Расје, Јански Рид, Велешки Рид, Чурлиново, Трнче, Канда и Гробиште.[3]

Селото има збиен тип. Некои делови од селото се наречени по главните родови, како што се Пикови, Унковци, Чалевци и други.[3]

Селото е поврзано со асфалтен пат директно од градот Свети Николе, а од 2021 година и со велосипедска патека.

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед на ископините од античкиот град Билазора

Покрај селото, на спротивната падина од долината се наоѓа Градиште, односно таму е сместен античкиот град Билазора. Дел од видливите ѕидини на ова градиште биле ископувани и употребувани од мештаните за изградба на куќи. И потокот во подножјето на градиштето повремено откопува грнци, гробови, стари пари и ќупови.[3]

Поради поставеноста на селото на стариот пат Велес-Свети Николе-Куманово, во селото некогаш постоел голем ан, во кој можеле да се сместат и стотина патници. Анот бил затворен кон крајот на XIX век, односно кога била пуштена во употреба железницата долж Вардар.[3]

Во народната традицина не е наведено кога е основано денешното село. Во него постојат македонски родови, кои потекнуваат од доселени предци. Најстари родови се Башлинци, Гочеви и Пикови, доселени на почетокот на XIX век.[3]

Во ова село имало и населени Турци (10 до 20 куќи), кои во втората половина на XIX век извршиле размена со последните македонски родови од тогаш мнозинско муслиманското село Горобинци. Турците во Кнежје живееле во југозападниот дел на селото, а нивните гробишта се наоѓале во месноста Гумења.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Атарот зазема простор од 9,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 738 хектари, на пасиштата отпаѓаат 168 хектари, а на шумите симболични 5 хектари.[2]

Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција.[2]

За време на отоманскиот период, во селото имало четири чифлици, кои ја поседувале целокупната земја, а ја обработувале Македонците. Сите сопственици на чифлиците живееле во Велес, освен еден во Штип.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948309—    
1953316+2.3%
1961205−35.1%
1971140−31.7%
1981101−27.9%
ГодинаНас.±%
199176−24.8%
199471−6.6%
200286+21.1%
202157−33.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кнежје живееле 360 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кнежје имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Кнежје е мало село, коешто во 1961 година имало 205 жители, а во 1994 година 71 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кнежје живееле 86 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 57 жители, од кои 53 Македонци и 4 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 240 309 316 205 140 101 76 71 86 57
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Кнежје е македонско село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Доселеници со непознато потекло: Башлинци (2 к.), родот го основал предокот Славко кој се доселил однекаде околу 1818 година; Гочевци (2 к.), Чалевци (3 к.), Атанасовци (3 к.) и Унковци (8 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Пиковци (5 к.), доселени се од некое место во Прилепско. Основачот на родот кој се доселил се викал Ѓорге; Кралевци или Лишковци (2 к.), доселени се од некое село во Кривопаланечко. Доселени се во првата половина на XIX век. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 66 г. во 1958 година) Тиме-Крало-Здраве, кој се доселил; Китановци (2 к.), доселени се од Ерџелија или Мустафино. И таму биле доселени однекаде; Здравковци (2 к.), доселени се од некое село во Тетовско; Портарци (3 к.), доселени се од селото Сарамзалино. Таму припаѓале на родот Теофци кој бил доселен однекаде; Ристевци (2 к.) и Ордевци (1 к.), доселени се во турско време од селото Горобинци каде биле староседелци; Говедарци или Чалмарци (1 к.), доселени се од некое место во Тиквеш; Маневци (1 к.) и Тошевци (1 к.), доселени се од Горно Црнилиште, и таму биле доселени однекаде; Донче (1 к.), дошол како домазет од селото Преод. Таму припаѓал на родот Ристевци чие потекло е непознато.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Родот Колеви се целосно иселени од селото. Иселеници има во Стањевци (Петканци), Џидимирци кај Велес (Шутевци). Од родот Портарци во 1938 година, едно семејство заминало во селото Ѓуземелци.[3]

Иселеници има и во Скопје (од родовите Портарци, Маневци, Атанасови и Ордеви).[3]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кнежје било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Светиниколска градска општина, во која покрај селото градот Свети Николе, се наоѓале и селата Кнежје, Нова и Стара Мездра.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1685 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Други свети места[3]

Во околината на селото постојат три крста посветени на Св. Спас, Св. Илија и Св. Трифун

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]
  • Спасовден — главна селска слава
  • Илинден — помала слава

Галерија

[уреди | уреди извор]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 5 април 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 717–719.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 април 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 5 април 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]