Констанс II Ираклиј
Констанс II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 641 – 15 септември 668 | ||||
Претходник | Ираклиј II | ||||
Наследник | Константин IV | ||||
Роден(а) | 7 ноември 630 | ||||
Починал(а) | 15 септември 668 (37 години) Сиракуза, Сицилија | ||||
Сопружник | Фауста | ||||
Деца | Константин Ираклиј Тибериј | ||||
| |||||
Династија | Ираклиева династија | ||||
Татко | Константин III Ираклиј | ||||
Мајка | Грегорија |
Ираклиева династија | ||
---|---|---|
Хронологија | ||
|
||
Наследување | ||
|
||
Констанс II Ираклиј (грчки: Κώνστας
Родено име на Констанс II е Ираклиј (Heraclius). Кога во 641 година го прогласиле како совладетел, народот му го избрал името Константин и дури подоцна управувал под тоа име, но во историографијата останал познат под името Констас (Констанца, Константи), т.е "помалиот (најмладиот) Константин". Прекарот Погонат ("Брада") во подоцнежните времиња неправилно било утврдено за неговиот син Константин IV Погонат, макар да се однесува токму за Констанс II.
Констанс II дошол на власт по отстранувањето на Мартина, внука и втора жена на Ираклиј, која била мајка на Ираклеон (Ираклиј II), а потоа и на самиот му роднина. Двајцата биле осакатени и по наредба на Валентин Аршакуни.
Според Ворен Тредголд, првите византиски теми биле создадени во периодот меѓу 659 и 661, во времето на Констанс II[1].
Управување
[уреди | уреди извор]Констанс II водел активна, но не многу силна надворешна политика. Управувањето му се одликува со тешки борби за опстанок на империјата пред арапската експанзија, како и со серија на религиозни спорови.
Војни со Арапите
[уреди | уреди извор]Во 40-тите и 50-тите години на векот, Арапите започнале инванзија кон Северна Африка и Мала Азија каде византиската власт изгубила голем број на територии. Последните византиски територии во Египет биле изгубени во корист Арапскиот калифат уште во 642 година, кога била заземена Александрија. Во 645 година византиската флота ја нападнала и вратила Александрија, но тие успеале да се задржат таму само околу една година пред Арапите да го заземат градот повторно.
Земјите во Мала Азија речиси секоја година биле напаѓани од арапски армии. Азиските провинции на империјата се здобиле со големи опустошувања како резултат на арапската офанзива во Ерменија и Кападокија (647), Фригија (648), Киликија (650). Во 649 година Кипар, Крит и други острови биле нападнати од арапски бродови. Во 654 година Родос бил ограбен од Арапите, а во 655 година царската флота предводена од самиот Констанс била поразена крај бреговите на Ликија. По поразот царот едвај си го спасил животот, успевајќи да побегне. Започнатата во големи размери инвазија на Арапите кон Цариград било спречено исклучиво како резултат на верските борби во калифатот во 656 година. Ова им помагнало на Византијците привремено да ја обрнат ситуацијата во своја корист. Примирјето со Арапите било склучено во 659 година, но тоа траело само неколку години (до 662 година).
Поход кон Балканот
[уреди | уреди извор]Империјата водела кампањи против Словените на Балканскиот Полуостров, при што во околу 658 година ги поразила сите племиња кои се населиле во Грција и Тракија. Константи II водел успешнен упад во нивните земјите северно од Дунав. Заробените Словени се населиле во напуштените области на Мала Азија и присилно биле мобилизирани во византиската војска.
Религиозни конфликти
[уреди | уреди извор]Во времето на Констанс II, самиот тој сакал да пронајде компромис во спорот меѓу православните христијани и поддржувачите на монотелизмот, учење кое било поддржано од Ираклиј и популарно во источните провинции, но истото било отфрлено од свештенството на запад. Неколку епископи ја прогласиле политиката на Констанс за еретичка. Религиозниот конфликт прераснал во воен кога во 646-7 година во Картагина избувал бунтот на локалниот егзарх Грегоријан, кој, охрабрен од африканските епископи, се прогласил за цар. Грегоријан загинал во следната година во битка против арапските сили. Тоа ставило крај на бунтот, но не и на несогласувањата.
Во 648 година Констанс II издал едикт со кој зазел позицијата на непристрасност меѓу двете фракции и забранил јавнита дискусија за догмата. На Латеранскиот собор во Рим во 649 година западните епископи ги отфрлиле овие решенија и ги изолирале источните патријарси кои ја поддржуваат тезата на монотелизмот. Тоа предизвикало реакција на царот по кое наредил на равенскиот егзарх Олимпиј да го уапси папата Мартин I, но за возврат Олимпиј исто така одбил да се покори и се прогласил за цар од 649 до 653 година. Зафатен со одбрана против Арапите, Констанс не бил во можност да одвои армија за задушување на бунтот. Дури откако Олимпик умира, новоименуваниот егзарх на Равена ја извршил наредбата на Констанс II и папата бил заточен во Керсон до својата смрт. Казнети исто така биле и другите духовници, незадоволни од политиката на царот.
Односи со западот
[уреди | уреди извор]Откако во 660 година Констанс II наредил убиството на својот брат Теодосиј, во кого се сомневал дека му бил евентуален соперник за престолот, неговото управување се одвило под знакот на силна опозиција од страна на народот во Цариград. Јавната омраза против царот се зголемила, поради што тој одлучил да го напушти главниот град и да замине на запад, во Сицилија, каде го утврдил царскиот дворец.
Во 663 година Констанс II се обидел да ја поврати Италија од Ломбардија, кои во тоа време биле ангажирани во војна против Франките на север. Иако првично имал успеси во Јужна Италија, армијата на царот претрпила тежок пораз.
Во истата 663 година Констанс II станал последниот цар кој го посетил Рим (за 12 дена) и ја прифатил титула конзул[2][3]. Потоа тој ја преселил резиденцијата во Сиракуза, каде ги пренел уметничките дела земени од Рим. По ова започнале гласини дека имал намера својата престолнина да ја пренесе во Сиракуза.
Поради извршеното братоубиство, зголемувањето на даноците, приврзаноста кон монотелизмот, како инеуспесите во надворешната политика, царот имал многу мала приврзаност меѓу народот и голема непопуларност. Констанс II бил убиен од заговорници во бањата на 15 септември 668 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Warren Treadgold, Byzantium and Its Army 284-1081 (Stanford: Stanford University Press, 1995). pp. 23-25;72-3.
- ↑ JSTOR: The Last Consul: Basilius and His Diptych
- ↑ JSTOR: The Iranian Factor in Byzantium during the Reign of Heraclius
Извори
[уреди | уреди извор]- The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
- Liber Pontificalis
- Paul the Deacon, Historia Langobardorum, Book V
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Constans II“ на Ризницата ? |
|