(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Крвна група — Википедија Прејди на содржината

Крвна група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наследување на крвните групи
Мајка/Татко O A B AB
O O O, A O, B A, B
A O, A O, A O, A, B, AB A, B, AB
B O, B O, A, B, AB O, B A, B, AB
AB A, B A, B, AB A, B, AB A, B, AB
Работник во болница зема примероци од крв од донатор за тестирање

Крвна група — класификација на крвта која се заснова на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци кои се составен дел на мембраната на еритроцитите. Овие антигени може да се од видот на белковини, јаглехидрати, гликобелковини или гликолипиди (во зависност од системот за класификација на крвните групи), и некои од овие антигени се исто така присутни на мембраните на некои други типови на клетки. Неколку од овие антигени од еритроцитите кои потекнуваат од еден алел (или блиску поврзани гени) заедно формираат систем од крвни групи.

Крвните групи се наследуваат од двата родитела. Денес се познати вкупно 29 човечки системи од крвни групи кои се признаени од МЗКТ.

Многу бремени жени носат фетус кој има различна крвна група од нивната, така што мајката може да создаде антитела против феталните еритроцити. Понекогаш овие мајчини антитела се IgG, мал имуноглобулинска белковина кој може да ја премине плацентата и да предизвика хемолиза (растворање, разорување) на феталните еритроцити, што води до хемолитичко заболување на новороденчето.

Складност за трансфузија на крв

[уреди | уреди извор]
  • Единките со крвна група AB ги поседуваат и двата антигена (А и В) на мембраната на нивните еритроцити, и нивниот крвен серум не содржи антитела кои би се бореле против А или В антигенот. Според ова, единка со крвна група АВ може да прима крв од било која друга крвна група (претпочитајќи АВ), но може да дава крв само на единки со крвна група АВ.
  • Единките со крвна група А го имаат само А антигенот на мембраната на еритроцитите. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела кои дејствуваат (т.е. се борат) против В антигенот. Според ова, единка со крвна група А може да прима крв само од единки со крвна група А или О (претпочитајќи А), а може да дава крв само на единки со крвна група А или АВ.
  • Единките со крвна група В го поседуваат В антигенот на мембраната на нивните еритроцити. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела против А антигенот. Според ова, единка со крвна група В може да прима крв само од единки со крвна група В или О (претпочитајќи В), а може да дава крв само на единки со крвна група В или АВ.
  • Единките со крвна група О (која кај нас и во некои други држави се означува како нулта, а во други со буквата О) ги немаат А и В антигените на мембраната на еритроцитите, но нивниот крвен серум содржи IgM анти-А антитела и анти-В антитела кои дејствуваат против А и В антигените. Според ова, единка со крвна група О може да прима крв само од единки со крвна група О, а може да дава крв на сите останати крвни групи (А, В, О или АВ).
Складност на еритроцитите.
Табела за складноста на крвните групи
Примач Дарител
O− O+ A− A+ B− B+ AB− AB+
O− ДаД НеН НеН НеН НеН НеН НеН НеН
O+ ДаД ДаД НеН НеН НеН НеН НеН НеН
A− ДаД НеН ДаД НеН НеН НеН НеН НеН
A+ ДаД ДаД ДаД ДаД НеН НеН НеН НеН
B− ДаД НеН НеН НеН ДаД НеН НеН НеН
B+ ДаД ДаД НеН НеН ДаД ДаД НеН НеН
AB− ДаД НеН ДаД НеН ДаД НеН ДаД НеН
AB+ ДаД ДаД ДаД ДаД ДаД ДаД ДаД ДаД

Поврзано

[уреди | уреди извор]