(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Лазо В'чков — Википедија Прејди на содржината

Лазо В'чков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лазо В'чков (25 март 1913 во Ваташа1990 во Белград, СФРЈ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Помошник Министер за трговија на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа се запишал на трговската академија во Битола, а по нејзиното завршување студирал во Загреб на Високата комерцијална школа.[1]

На Универзитетот во Загреб, тие развиле жива активноет меѓу македонските студенти. Биле формирани групи по факултетите. Така била формирана група од студенти на ЕКВШ и Фармацевтскиот факултет во која влегувале: Лазар Соколов, Борис Канчевски, Лазо В'чков, Стево Кузманов, Апостол Шатев, Шукаров Боро, Самарџиев Борис, Благоja Димитров, Бано Шкартов и други.[2]

Во ноември 1934 година бил уапсен од полицијата под обвинение дека ширел комунистички идеи и осуден на 2 години затвор. Затворот го издржал во Сремска Митровица, каде робија одлежале познати револуционери како: Моша Пијаде, Јован Веселинов, Јосип Ѓерѓа, Отокар Кершовани, Коста Рацин и други. Во затворот завршил политички курс за комунисти, а добро го совладал рускиот јазик. Во јануари 1941 година како опасен елемент заедно со 20-сетина кавадарчани бил интерниран во логор во Ивањица.[1]

Во Белград соработувал со Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски и други, а учествувал во сите акции на студентското движење. Во септември 1941 година бил назначен за командант на партизанскиот одред формиран во „Раштани”, кој поради низа околности не бил ставен во функција. По загинувањето на неговиот брат Миле, во средината на 1943 година бил интерниран во Бугарија. По бегството од логорот се вклучил во Малешевскиот партизански одред со кого учествувал во многу борби за ослободување на Источна Македонија.[1]

По ослободувањето

[уреди | уреди извор]

По ослободувањето работел како директор на Народна банка во Кавадарци. Бил помошник министер за трговија на Македонија, а подоцна главен директор на секторната дирекција за машиноrрадба на ФНРЈ. Едно време бил и шеф на кабинетот на Сојузниот секретар за финансии. Починал во Белград 1990 година.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 408–409. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. Соколов, Лазар (1976). Прилог за македонското студентско движење во Загреб (PDF). Скопје: Здружение на историчари на Република Македонија. стр. 6.