(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Лондонска кула — Википедија Прејди на содржината

Лондонска кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лондонска кула
Tower of London
Поглед кон Лондонската кула
Карта
Општи податоци
ГрадЛондон
ЗемјаАнглија, Велика Британија

Лондонската кула (англиски: The Tower или Tower of London) или Кралски дворец и тврдина на нејзино величество (англиски: Her Majesty's Royal Palace and Fortress) е историска тврдина во централен Лондон, на северниот брег на реката Темза. Тврдината е најстариот објект кој се користи од британската влада. Лондонската кула често се идентификува со Белата кула, односно квардратната мала тврдина која била изградена во времето на Вилијам Освојувачот во 1078 година.

Кулата е висока 27 метри и била изградена за заштита на градот од норманските освојувачи и за заштита на месното население. Нејзините ѕидини се широки 4,5 метри. Таа на неколкупати била доградувана и реновирена. Во времето на Ричард I била изградена ограда околу тврдината, како и канал околу тврдината. Во времето на Хенри III кулата го добила денешното си име.

Во текот на својата историја, кулата служела како крлски дворец, како и затвор. Овде биле затворани особено затворениците од висок ранг во англиското општество. Кулата исто така служела и како место за погубувања и канцеларија за јавни архиви.

Најпознати личности од историјата на Англија, кои биле затвореници или биле погубени во оваа кула се:

  • Едвард I — затворен од 1296 до 1299 година
  • Јован II Добриот, крал на Франција
  • Хенри VI — кој бил убиен во затворот на 21 мај 1471 година
  • Едвард V — заедно со неговиот брат, за кои се смета дека биле убиени во кулата
  • Томас Мор — погубен поради одбивањето да се согласи со одлуката на кралот Хенри VIII да ја одвои Англиканската црква од Римокатоличката црква и себеси да се прогласи за нејзин поглавар[1]
  • Ана Болејн — кралица на Англија, била затворена и егзекутирена во 1536 година под сомнение за државна измама
  • Катерина Хауард — кралица на Англија, била затворена и егзекутирена во 1542 година
  • Едвард Симор — брат на Џејн Симор