(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Мусала — Википедија Прејди на содржината

Мусала

Координати: 42°10′47″N 23°35′12″E / 42.17972° СГШ; 23.58667° ИГД / 42.17972; 23.58667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мусала
Поглед на Мусала од југ
Највисока точка
Надм. вис.2925,4 м
Истакнатост2473 м
Координати42°10′47″N 23°35′12″E / 42.17972° СГШ; 23.58667° ИГД / 42.17972; 23.58667
Географија
Мусала на карта

Карта

МестоСофиска област, Бугарија
Матичен венецРила
Искачување
Најлесен патжичница од Боровец, потоа искачување

Мусала е највисокиот врв на Балканскиот Полуостров. Се наоѓа на планината Рила во Република Бугарија.

„Мусала“ е највисокиот врв во Република Бугарија и на Балканскиот Полуостров, со висина од 2.925[1] м, измерено од пристаништето во Варна.

Се наоѓа на планината Рила, во близина на зимскиот центар Боровец, и на 80 км од Софија. Според некои пишувања, името му произлегува од „Мус Алах“, или „место за молитва“, „врв за молитва“, и името е дадено за време на турското ропство. Во периодот 1949-1962, врвот се нарекувал „Сталин“ по името на советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Преку летото го посетуваат многу туристи од светот, но најмногу од планинари од Бугарија и соседните земји. Средната годишна температура изнесува -2,9оС, апсолутната минимална -31,2оС, апсолутната максимална 18,7оС. Во просек 254 денови во годината врвот Мусала е покриен со снег. Преовладуваат северозападни ветрови.

Најлесниот начин за искачување на врвот Мусала е патеката од скијачкиот центар Боровец, 10км во една насока. Има лифт, кој води до месноста Јастребец на висина од 2.369 м. Оттаму може да се стигне пеш до колибата Мусала (околу 1 час одење), а потоа до самиот врв Мусала (околу 2 часа пешачење) до самиот врв. На околу 200 м под врвот се наоѓа „Леденото езеро“ на висина од 2.709 м, каде што може да се преноќева.

  1. „ГEOграфия'21, брой 5, 2007 г.“. www.prokarstterra.bas.bg. Посетено на 2023-06-09.