Рамена коска
Рамена коска | |
---|---|
Положба на рамената коска (во црвено). | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Humerus |
MeSH | A02.835.232.087.090.400 |
TA | A02.4.04.001 |
FMA | FMA:13303 |
Кај човекот, рамената коска или надлактицата (односно humerus) е долга коска вметната меѓу плешката и коските од подлактот. На неа се разликуваат три дела: тело и два краја, горен и долен. Телото од хумерусот (corpus humerus) наликува на тристрана призма. На него се опишуваат две предни страни, латерална и медијална и една задна страна. Страните се поврзани со три раба, на предните страни се поврзуваат делтоидниот и надлакотниот мускул. На задната страна се забележува коса бразда за премин на радијалниот нерв (nervus radialis). На горниот крај од хумерусот се гледа зглобна глава (caput humeri) за зглобување со плешката. Околу главата се наоѓа плитка бразда или анатомски врат, а пред него и латерално се забележуваат две џумки, голема (tuberculum majus) и мала (tuberculum minus). Тие служат за поврзување на мускулите од рамениот појас. На границата меѓу гоrниот крај и телото од хумерусот се наоѓа тесен дел означен како хируршки врат. На тоа место коската најчесто се крши. Долниот крај од хумерусот се дели на два дела - бочни незглобни делови и еден среден зглобен дел - кондил. На кондилот се разликуваат две зглобни површини: медијална што наликува на макара (trochlea humeri) и латерална што наликува на главичка (capitulum humeri). На нив од предната страна се наоѓа по една јамичка, а од задната страна се забележува длабока лакотна јама (fossa olecrani) Зглобните тела на главичката и макарата се зглобуваат со обете коски од подлактот. Епикондилите пак служат за поврзување на бројни мускули. Од латералниот епикондил тргнуваат екстензорите на шепата и прстите, а од медијалниот нивните флексори.
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |