Оденсе
Оденсе Odense | ||
---|---|---|
Катедралата „Св. Кнуд“ | ||
| ||
Местоположба во Данска | ||
Координати: 55°23′45.48″N 10°23′18.73″E / 55.3959667° СГШ; 10.3885361° ИГД | ||
Население (2012) | ||
• Градско | 168.798 | |
• Метро | 191.610 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | www.odense.dk |
Оденсе (дански: Odense) — трет град по големина во Данска и најголем град на островот Фин. Оденсе е најголем град во регионот Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Оденсе. Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градот и околу 190.000 во поширокото градско подрачје.
Оденсе е познат и по својот најпознат жител, прочуениот писател Ханс Кристијан Андерсен.
Природни одлики
[уреди | уреди извор]Оденсе се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Оденсе е оддалечен само 165 километри западно.
Релјеф: Оденсе се наоѓа во средишнипт дел на данскиот остров Фин. Надморската височина на средиштето на градот изнесува околу 15 метри.
Клима: Климата во Оденсе е умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Оденсе е споен со Северното Море, преку каналот, кој градот го поврзува со Оденскиот Залив.
Историја
[уреди | уреди извор]Оденсе е еден од најстарите дански градови. Основан е во 988 година. Името потекнува од зборот Odin Vi, што значи Одиново светилиште. Во Оденсе се наоѓа гробот на Кнуд IV (наречен уште и Свети Кнуд), па така голем број верници доаѓале во Оденсе во текот на средниот век. Св. Кнуд е светец-заштитник на Данска. Благодарејќи на тоа Оденсе се развил како втор град по значење во Данска, што и останал до современото време.
Во 16. век народното собрание повеќепати се состанувало во Оденсе. Во Оденсе се наоѓала и Одиновата кула, втора кула во височина во светот (веднаш зад Ајфеловата кула). Изграден е во 1935 година, а данските нацисти го срушиле во 1944 година. Во блиското гратче Мункебо се наоѓа најголемото бродоградилиште во Данска.
И покрај пет годишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Оденсе и неговото население не претрпеле многу страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градските граници и близу 200.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Оденсе до пред неколку децении било целосно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројни доселеници од странските земји го измениле составот на населението.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството на Оденсе посебно се потпира на големото бродоградилиште, едно од најголемите во Северна Европа, а најголемо во Данска. Околината на Оденсе е големо развиено земјоделско подрачје, па затоа во градот и околината е развиена и прехранбената индустрија. Позната е пиварата „Албани“.
Сообраќај: Мостот Голем Белт е отворен во 1997 година за железнички сообраќај, а во 1998 и за патниот сообраќај и на тој начин островот Фин се поврзал со Зеланд со што е овозможена побрза врска и комуникација со Копенхаген.
Знаменитости на градот
[уреди | уреди извор]Катедралата „Св. Кнуд“ во минатото вила поврзана со блискиот бенедиктински манастр. Изградена е од цигли во готски стил, во периодот помеѓу 1081 и 1093 година. Повторно е градена во XIII век. Испод олтарот на катедралата лежи телото на светецот-заштитник на Данска, Свети Кнуд, кој планирал да ја освои Англија, а бил убиен во Оденсе за време на револуцијата во 1086 година. Палатата, Оденсе наредил да се изгради кралот Фридрих IV
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Ханс Кристијан Андерсен е роден во Оденсе на 2 април 1805 година. Во градот се наоѓа и неговиот музеј.
- Композитор Карл Нилсен
- Кралот Кнуд IV (1043 - 1086), познат и како Свети Кнуд.
- Карл Фридрих Титген, индустријалец, банкар и филантроп. Роден е на 19 март 1829 година во Оденсе. Се смета со основач на првата приватна банка како и фирмите „Туборг“ и „Даниско“.
- Каролина Возњацки - тенисерка
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градската куќа на Оденсе
-
Палата Оденсе
-
Катедралата Св. Кнуд
-
Родната куќа на Ханс Кристијан Андерсен
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Trondheims offisielle nettsted - Vennskapsbyer“. Архивирано од изворникот на 2012-02-21. Посетено на 2012-08-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Туристички центар на Оденсе Архивирано на 13 септември 2007 г.
- Официјално мрежно место Архивирано на 23 октомври 2015 г.
- Градски музеј на Оденсе
- Градски симфониски оркестар на Оденсе
- Зоолошката градина во Оденсе
- Бродоградилиштето „Оденсе Железо“
- Пиварата „Албани“
|