(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Окрузи во Романија — Википедија Прејди на содржината

Окрузи во Романија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на окрузите во Романија

Романија се дели на 41 округ (романски: județ, жудец) и општината Букурешт, сите со своја месна самоуправа. Највеќето се наречени по реки, а некои го носат името на значаен град во нив.

Првите окрузи во Романија водат потекло од единиците наречени цинутури во кнежевствата Влашка и Молдавија од крајот на XIV век, а можеби и порано. Од создавањето на современа Романија во 1859 г., па наваму, системот на административна поделба имал сличен карактер како департманите во Франција. Со тек на време, системот е менуван повеќепати. Пред Втората светска војна земјата имала 71 округ, а по 1968 г. — само 39. Од 1960-тите досега се користи истиот систем, со неколку измени, од кои последната е направена во 1997 г.

Според пописот од 2011 г., просечното население на окрузите изнесува 445.000 жители, при што највеќе жители има округот Јаш (772.000), а најмалку Ковасна (210.000). Просечната површина изнесува 5.809 км2, при што најголем округ е Тимиш, со (8.697 км2), а најмал е Илфов, со (1583 км2). Општината Букурешт, која има ист управен степен како окрузите, е понаселена и помала од другите, со 1.883.425 и само 228 км2.

Список на окрузи

[уреди | уреди извор]
Округ Седиште Потекло на името Развоен
регион
ISO-код
Пошт. број Повик. број NUTS-код Население
(2011)[1]
Површина
[2]
На карта
Алба
Алба Жулија
реката Алба Центар AB 51 58 RO121 342.376 6.242 км2
Арад
Арад
седиштето Запад AR 31 57 RO421 430.629 7.754 км2
Арџеш
Питешт
Арџеш Југ AG 11 48 RO311 612.431 6.862 км2
Бакау
Бакау
седиштето Североисток BC 60 34 RO211 616.168 6.621 км2
Бистрица-Насауд
Бистрица
реката Бистрица и градот Насауд Северозапад BN 42 63 RO112 286.225 5.355 км2
Бихор
Орадеја
општината Бихарија Северозапад BH 41 59 RO111 575.398 7.544 км2
Ботошан
Ботошан
седиштето Североисток BT 71 31 RO212 412.626 4.986 км2
Браила
Браила
седиштето Југоисток BR 81 39 RO221 321.212 4.766 км2
Брашов
Брашов
седиштето Центар BV 50 68 RO122 549.217 5.363 км2
Бузау
Бузау
реката Бузау Југоисток BZ 12 38 RO222 451.069 6.103 км2
Букурешт
(Општина Букурешт)
[б 1]
презимето Букур[3] Букурешт-Илфов B 01–06
[б 2]
1x RO321 1.883.425 228 км2
Валча
Р’мнику В’лча
средновековниот округ Вилча[4][б 3] Југозапад VL 24 50 RO415 371.714 5.765 км2
Васлуј
Васлуј
реката Васлуј Североисток VS 73 35 RO216 395.499 5.318 км2
Вранча
Фокшан
средновековниот округ Вранча[5][б 4] Југоисток VN 62 37 RO226 340.310 4.857 км2
Галац
Галац
седиштето Југоисток GL 80 36 RO224 536.167 4.466 км2
Горж
Тргу Жиу
реката Жиу[б 5] Југозапад GJ 21 53 RO412 341.594 5.602 км2
Дамбовица
Трговиште
Дамбовица Југ DB 13 45 RO313 518.745 4.054 км2
Долж
Крајова
реката Жиу[б 6] Југозапад DJ 20 51 RO411 660.544 7.414 км2
Џурџу
Џурџу
седиштето Југ GR 08 46 RO314 281.422 3.526 км2
Илфов
Буфтеја
реката Илофов Букурешт-Илфов IF 07 1x RO322 388.738 1.583 км2
Јаломица
Слобозија
Јаломица Југ IL 92 43 RO315 274.148 4.453 км2
Јаш
Јаш
седиштето Североисток IS 70 32 RO213 772.348 5.476 км2
Калараш
Калараш
седиштето Југ CL 91 42 RO312 306.691 5.088 км2
Караш-Северин
Решица
поранешните окрузи Караш и Северин Запад CS 32 55 RO422 295.579 8.514 км2
Клуж
Клуж-Напока
седиштето Северозапад CJ 40 64 RO113 691.106 6.674 км2
Ковасна
Свети Ѓорѓи
реката Ковасна Центар CV 52 67 RO123 210.177 3.710 км2
Констанца
Констанца
седиштето Југоисток CT 90 41 RO223 684.082 7.071 км2
Марамуреш
Баја Маре
историската област Марамуреш Северозапад MM 43 62 RO114 478.659 6.304 км2
Мехединци
Дробета-Турну Северин
општината Мехадија Југозапад MH 22 52 RO413 265.390 4.933 км2
Муреш
Тргу Муреш
реката Муреш Центар MS 54 65 RO125 550.846 6.714 км2
Њамц
Пјатра Њамц
реката Њамц Североисток NT 61 33 RO214 470.766 5.896 км2
Олт
Слатина
реката Олт Југозапад OT 23 49 RO414 436.400 5.498 км2
Прахова
Плоешт
реката Прахова Југ PH 10 44 RO316 762.886 4.716 км2
Салаж
Залау
реката Салаж Северозапад SJ 45 60 RO116 224.384 3.864 км2
Сату Маре
Сату Маре
седиштето Северозапад SM 44 61 RO115 344.360 4.418 км2
Сибиу
Сибиу
седиштето Центар SB 55 69 RO126 397.322 5.432 км2
Сучава
Сучава
Сучава Североисток SV 72 30 RO215 634.810 8.553 км2
Телеорман
Александрија
реката Телеорман Југ TR 14 47 RO317 380.123 5.790 км2
Тимиш
Темишвар
реката Тамиш Запад TM 30 56 RO424 683.540 8.697 км2
Тулча
Тулча
седиштето Југоисток TL 82 40 RO225 213.083 8.499 км2
Харгита
Мјеркуреја Чук
планинскиот венец Харгита Центар HR 53 66 RO124 310.867 6.639 км2
Хунедоара
Дева
градот Хунедоара Запад HD 33 54 RO423 418.565 7.063 км2

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Population at the Censuses of 1948, 1956, 1966, 1977, 1992, 2002 and 2011 – By Localities and Counties (Report) (романски). National Institute of Statistics (Romania). 2013-07-04. стр. 1–2. Архивирано од изворникот (XLS) на 2017-06-10. Посетено на 2013-07-06.
  2. Romanian Statistical Yearbook 2008 – Geography, Meteorology, and Environment (PDF) (Report) (романски). National Institute of Statistics (Romania). 2007-07-01. стр. 18. Посетено на 2010-08-29.
  3. „DEX online – Search: "bucura". Romanian Etymological Dictionary 1958–1966 (романски). Dexonline.ro. Посетено на 2010-08-23.
  4. „Први документарни сведоштва за округот Валча“. Национален институт за статистика. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2010-01-23. (романски)
  5. „Județul Vrancea (Vrancea County)“ (романски). National Institute of Statistics (Romania). Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2010-08-23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.