Катедралата во Плоцк била основана во 1075 година.[1] Првите извори околу храмот датираат од 1102 година, односно од времето на Владислав I Херман, кој бил погребан во објектот. Во 1129 година таа била реконструирана во времето на Болеслав III и бископот Александар.[1] Во периодот од 1136 до 1144 година била обновувана од пожарот којшто го зафатил градот. Во 1144 година била осветена и посветена на Света Богородица.[1] Христијанскиот храм бил реновиран и во 1531-1535 година по пожарот од 1530 година.[1] Изгледот на новиот храм бил земен од црквата Свети Агостино и црквата Санта Марија дел Пополо во Рим. За последен пат, зградата била обновена во 1903 година.[1]