Преработка на песна
Во популарната музика, преработка на песна претставува нова верзија на претходно објавена песна, но овојпат од друг изведувач.
Историја
[уреди | уреди извор]Изразот „преработка“ првобитно се употребувал за да означи соперничка верзија на некоја песна која оригинално била објавена пред кратко време. На пример, во 1949 година била обработена познатат песна „The Hucklebuck“ на саксофонистот Пол Вилијамс, а во 1952 година се појавила обработка на песната „Jambalaya“ на Хенк Вилијамс.[1] Овие две песни доживеале неколку преработки кои доживеале голема популарност. Притоа, до средината на 20 век, оригиналните верзии на песните често биле преработувани од други музичари, зашто тоа претставувало едне начин за зголемување на нивната популарност.
Видови преработки
[уреди | уреди извор]Најраспространетата форма на преработка на песна е кога оригиналната песна подоцна ја изведува некој друг изведувач, без значителни промени во мелодијата или ритамот. Друга форма на преработка е кога оригиналната песна е изведена во различен аранжман: на пример, песната „The Model“ на германската електронска група Крафтверк оригинално е отсвирена со електронски инструменти (синтисајзери);[2] во 1987 година се појавила нејзината преработка од американската група Big Black како рок-песна, отсвирена со електрични гитари;[3] додека во 1992 година се појавила нејзината камерна верзија, во изведба на британскиот гудачки квартет, Balanescu Quartet.[4]
Посебен вид преработка е кога музиката од оригиналната песна се задржува иста или со мали измени, а оригиналниот текст се преведува на друг јазик или пак во новата верзија песната има сосема поинаков текст. Таков е случајот со преработката на песната „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) на британскиот музичар Black која во преработената верзија на македонската рок-група Архангел има поинаков текст, напишан од Ристо Вртев.[5] Друг таков пример е песната „The last train to Clarksville“ на британската рок-група Манкис (The Monkees) од 1966 година,[6] која во 1987 година била преработена од српската рок-група Рибља чорба со насловот „ПОследниот воз за Чачак“ (Задњи воз за Чачак) за која текстот го напишал Бора Ѓорѓевиќ.[7]
Во продолжение, во определени случаи, некоја песна првично е снимена од друг изведувач, а дури подоцна, нејзинот автор снимил сопствена верзија. На пример, песната „China Girl“ на Дејвид Боуви најпрвин ја снимил Иги Поп во 1977 година,[8] а дури подоцна, во 1983 година, Боуви ја вклучил на неговиот албум „Let's Dance“.[9] Таков е и примерот со песната „Demolition Man“, компонирана од Стинг, која првобитно била изведена од Грејс Џоунс во 1981 година, а неколку месеци подоцна песната била снимена од групата Полис.
Во некои случаи, преработената верзија значително или целосно се разликува од оригиналната песна така што е тешко да се препознае дека станува збор за истата песна. Таков е примерот со песната „Black Steel In The Hour Of Chaos“ (1988) на американската хип-хоп група Паблик енеми (Public Enemy)[10] која во 1995 година била преработена од британскиот музичар Трики (Tricky) со изменетиот наслов „Black Steel“.[11] Слично, песната „In the Deathcar“ од албумот со музиката од филмот „Arizona Dream“ од 1993 година (компонирана од Горан Бреговиќ, а во изведба на Иги Поп)[12] оригинално се наоѓа на албумот на југословенската рок-група Бијело дугме, „Плукни и запеј моја Југославијо“ од 1986 година, но со насловот „Ајде на планина“ (Hajdemo u planine)[13]
Најпосле, постојат цели музички албуми кои се состојат од преработки на туѓи песни. Таков се музичките албуми: „Pin Ups“ на Дејвид Боуви од 1973 година,[14] „Les Chansones Populaires“ на српската рок-група Електрични оргазам од 1983 година,[15] „Through The Looking Glass“ на британската рок-група Siouxsie & The Banshees од 1987 година[16] „NATO“ на словенечката група Laibach од 1994 година.[17] „Under the Covers“ на Двајт Јоакам (Dwight Yoakam) од 1997 година итн.[18]Сличен пример претставува музичкиот албум „Possessed“ на Balanescu Quartet од 1992 година на кој, од вкупно девет песни, дури седум се преработки.[19]
Познати обработки на песни
[уреди | уреди извор]Неофицијално, како најмногу обработувана песна во популарната музика се смета „Вчера“ (англиски: Yesterday) на Пол Макартни, оригинално изведена од Битлси, која има 2 200 преработки.[20]
Наслов на песната | Оригинален изведувач | Преработена од | |
---|---|---|---|
The House of the Rising Sun | традиционална фолк песна | Енималс (1964), Доли Партон (1980), Гари Глитер (1996) | |
The Great Pretender | The Platters (1955) | Рој Орбисон (1962), Доли Партон (1984), Фреди Меркјури (1987), Ан-Маргрет (2023) | |
Blue Suede Shoes | Карл Перкинс (1955) | Елвис Пресли (1956) | |
Tutti Frutti | Литл Ричард (1955) | MC5 (1970) | |
Smokestack Lightning | Howlin' Wolf (1956) | Yardbirds (1964) | Soundgarden (1988) |
Heartbreak Hotel | Елвис Пресли](1956) | The Vandals (1982) | |
Dizzy Miss Lizzy | Larry Williams (1958) | Битлси (1965) | |
Do You Want to Dance | Bobby Freeman (1958) | Клиф Ричард анд Шедоус (1962), Бич бојс (1965), Мамас анд папас (1966), Бет Мидлер (1972), Џон Ленон (1975) | |
Let's Dance | Chris Montez (1962) | Рамоунс (1976), Mud (1982), Slade (1985) | |
Hey Joe | Billy Roberts (1962) | The Jimi Hendrix Experience (1966), The Byrds (1966), Cher (1967), Wilson Pickett (1969) | |
Wherever I Lay My Hat (That's My Home) | Марвин Геј (1962) | Пол Јанг (1983) | |
Locomotion | Гери Гофин и Керол Кинг (1962) | Grand Funk Railroad (1974), Кајли Миног (1988) | |
Don't Let Me Be Misunderstood | Nina Simone (1964) | The Animals (1965), Елвис Костело (1986) | |
Gloria | Them (1964) | Пати Смит (1975) | |
Here comes the night | Them (1964) | The Fabulous Thunderbirds (1995) | |
Amsterdam | Жак Брел (1964) | Скот Вокер (1967) | |
Under the Boardwalk | The Drifters (1964) | Ролинг Стоунс (1965), Billy Joe Royal (1978), The Undertones (1980), Tom Tom Club (1982), Rickie Lee Jones (1983), John Mellencamp (1985), Брус Вилис (1987), Lynn Anderson (1988), Bette Midler (1989) | |
Tainted Love | Gloria Jones (1964) | Soft Cell (1981) | |
Mr. Tambourine Man | Боб Дилан (1965) | The Byrds (1965) | |
Yesterday | Битлси (1965) | Френк Синатра (1969) | |
I Got You Babe | Sonny and Cher (1965) | Ета Џејмс (1968), UB 40 (1985) | |
(I Can't Get No) Satisfaction | Ролинг стоунс (1965) | Отис Рединг (1965), The Residents (1976), Devo (1977) | |
Respect | Отис Рединг (1965) | Арета Френклин (1967) | |
The Lady Came from Baltimore | Тим Хардин (1967) | Скот Вокер (1967), Џоан Баез (1967) | |
Wild Thing | The Troggs (1966) | X (1984), Jeff Beck (1985) | |
Mathilde | Жак Брел (1966) | Скот Вокер (1967) | |
Femme Fatale | Velvet Underground (1966) | Биг стар (1978) | |
Pain It Black | Ролинг стоунс (1966) | Flamin' Groovies (1978) | |
To Love Somebody | Bee Gees (1967) | Нина Симон (1968), Џенис Џоплин (1969), Jimmy Somerville (1990), Рита Марли (1991), Мајкл Болтон (1992), Били Корган (2005), Michael Bublé (2013) | |
I Think We're Alone Now | Tommy James and the Shondells (1967) | Lene Lovich (1978), Tiffany (1987), Snuff (1989), Girls Aloud (2006) | |
Purple Haze | The Jimi Hendrix Experience (1967) | Dion DiMucci (1968), Snuff (1989) | |
The End | The Doors (1967) | Нико (1974) | |
David Watts | The Kinks (1967) | The Jam (1978) | |
With a Little Help from My Friends | Битлси (1967) | Joe Cocker (1968), Wet Wet Wet (1988) | |
All Along the Watchtower | Боб Дилан (1967) | The Jimi Hendrix Experience (1968), XTC (1978), U2 (1988) | |
Born to Be Wild | Steppenwolf (1968) | The Cult (1987), Ким Вајлд (2002) | |
Mrs. Robinson | Simon & Garfunkel (1968) | Френк Синатра (1969), Lemonheads (1992) | |
Across the Universe | Битлси (1969) | Дејвид Боуви (1975), Laibach (1988) | |
1969 | The Stooges (1969) | The Sisters of Mercy (1984) | |
Spirit in the Sky | Norman Greenbaum (1969) | Doctor and the Medics (1986) | |
Venus | Shocking Blue (1969) | Bananarama (1986) | |
In the Ghetto | Елвис Пресли (1969) | The Cranberries (2001) | |
Gimmie Shelter | Ролинг стоунс (1969) | The Sisters of Mercy (1984) | |
Wild World | Cat Stevens (1970) | Maxi Priest (1988) | |
The Man Who Sold the World | Дејвид Боуви (1970) | Лулу (1974), Нирвана (1993) | |
I Feel the Earth Move | Carole King (1971) | Martika (1989), Nirvana (1993) | |
Killing Me Softly with His Song | Roberta Flack (1971) | Fugees (1996) | |
What's Going On | Марвин Геј (1971) | Синди Лопер (1986) | |
Mercy, Mercy Me | Марвин Геј (1971) | Роберт Палмер (1990), The Strokes (2006) | |
Always on My Mind | Gwen McCrae (1972) | Brenda Lee (1972), Elvis Presley (1972), Willie Nelson (1982), Pet Shop Boys (1987) | |
Angie | Ролинг стоунс (1973) | Womack & Womack (1983), Stereophonics (1999) | |
Čudna šuma | Yu Grupa (1973) | Дисциплина кичме (1986) | |
Black Diamond | Kiss (1974) | The Replacements (1984) | |
I Will Always Love You | Доли Партон (1974) | Витни Хјустон (1992) | |
Don't Leave Me This Way | Harold Melvin & the Blue Notes (1975) | Thelma Houston (1976), The Communards (1986), Шина Истон (2000) | |
Walk This Way | Aerosmith (1975) | Run-D.M.C. (1986) | |
How Deep Is Your Love | Bee Gees (1977) | Take That (1996) | |
I Feel Love | Дона Самер (1977) | Bronski Beat (1984), Messiah (1992), Ванеса-Меи (1997), Сем Смит (2019) | |
Das Model (The Model) | Крафтверк (1978) | Big Black (1987), Rammstein (1997) | |
Da Ya Think I'm Sexy? | Род Стјуарт (1978) | Revolting Cocks (1993) | |
Heaven | Talking Heads (1979) | Simply Red (1985) | |
Only You | Yazoo (1982) | The Flying Pickets (1984), Joshua Radin (2006) | |
Uptown Girl | Били Џоел (1983) | Westlife (2001) | |
99 Red Ballons | Nena (1984) | 7 Seconds (1985) | |
Hallelujah | Леонард Коен (1984) | John Cale (1991), Jeff Buckley (1994) | |
Time After Time | Синди Лопер (1983) | Мајлс Дејвис (1985), Sarge (1997), Distant Soundz (2002), Javier Colon (2011) | |
Halloween | Sonic Youth (1985) | Mudhoney (1988) | |
Nothing Compares 2 U | The Family (1985) | Шинид Оконор (1990) | |
Kiss | Принс (1986) | Age of Chance (1986), Art of Noise (1988) | |
Wicked Game | Chris Isaak (1989) | HIM (1998) | |
Valerie | The Zutons (2006) | Mark Ronson & Еми Вајнхаус (2015) |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 2009-02-14.
- ↑ YouTube, Kraftwerk - The Model (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ YouTube, The Model (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ YouTube, Model (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Архангел, Архангел 2. Litium Records 002, 2000.
- ↑ YouTube, The Monkees - Last Train To Clarksville 1966 (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ YouTube, Riblja Čorba Zadnji voz za Čačak 1987 PGP RTB (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ YouTube, Iggy Pop - China Girl (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ YouTube, David Bowie - China Girl (Official Video) (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Public Enemy – It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Tricky – Maxinquaye (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Goran Bregović – Arizona Dream (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Bijelo Dugme – Pljuni I Zapjevaj Moja Jugoslavijo (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Bowie* – Pinups (пристапено на 25.4.2024)
- ↑ Električni Orgazam – Les Chansones Populaires (пристапено на 12.2.2024)
- ↑ Discogs, Siouxsie & The Banshees – Through The Looking Glass (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Laibach – NATO (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ Discogs, Dwight Yoakam – Under The Covers (пристапено на 25.4.2024)
- ↑ Discogs, The Balanescu Quartet – Possessed (пристапено на 17.11.2021)
- ↑ „Sir Paul is Your Millennium's greatest composer“. BBC News. 3 May 1999. Посетено на 26 June 2023.