Ростушка Река
Изглед
Ростушка Река Дуф Дол | |
---|---|
Течението на реката | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Крчин |
• надм. вис. | 1.540 м |
Устие | |
• место | Радика |
• координати | 41°36′19.6″N 20°36′29.9″E / 41.605444° СГШ; 20.608306° ИГД |
• надм. вис. | 670 м |
Големина на сливот | 9,9 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Ростушка Река или Дуф Дол — река во Западна Македонија и десна притока на Радика.[1]
Течение
[уреди | уреди извор]Реката е образувана од два помали водотеци на планината Крчин, познати како Голема и Мала Река. Изворот на Голема Река е на надморска височина од 1.540 м.[2] По течението на реката е сместен Дуфскиот Водопад, по што таа поминува низ кањон, а потоа поминува низ селото Ростуше и конечно се влева во реката Радика од нејзината десна страна.
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Вкупната површина на речниот слив на Ростушка Река изнесува 9,9 км2.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Реката
-
Дуфски Водопад
-
Реката
-
Кањонот на реката
-
Реката
-
Карпи околу водопадот
-
Реката
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 62. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово" за период 2017-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетено на 23 август 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ростушка Река на Ризницата ?