(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Серафим II Цариградски — Википедија Прејди на содржината

Серафим II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серафим II ЦАриградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Ракоположен22 јули 1757
Службата завршила26 март 1761
ПретходникКалиник IV (III)
НаследникЈонаикиј III
Лични податоци
РоденДелвина, Албанија
Починал1779
Марски манастир
Претх. службаМитрополит во Пловдив

Серафим II ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1757 до 1761 година.

Серафим II е роден во Делвина, јужна Албанија како дете на грчки[1] родители кон крајот на XVII век. Пред да биде избран за Вселенски патријарх на 22 јули 1757 година тој бил митрополит во Пловдив.[2]

Како патријарх во 1759 година тој го воведува постот на Свети Андреја на 30 ноември,[3] и во 1760 година тој ај дал првата дозвола на Козма Аетолски да започне со мисинерска работа во селата во Тракија.[4]

Во 1759 година го поканил Евгениј Бугарски да ги надгледува реформите во патријахалната академија и за време на неговото начелствување во академијата било под влијание на Серафимовите проруски идеали на Бугарски што придонело до приближување на Руското царство со Цариградската патријаршија.[5][6]Како последица на ова Серафим II бил заменет на 26 март 1761 година и протеран на Света Гора,[2] и бил заменет од отоманските власти со Јоаникиј III.

За време на Руско-турската војна 1768-1774 тој го поддржувал Руското царство и воспоставувањето на проруска православна држава на Балканот во 1769 година и ги поттикнувал грците да се бунтуваат против Турците.[7] По неуспехот на востанието, во 1776 година се преселил во Украина, каде починал на 7 декември 1779 година.[2] Погребан е во Марскиот манастир.

  1. „Ecumenical Patriarchate of Constantinople; official website ( Greek )“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2016-01-09.
  2. 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  3. Μみゅー.Γがんま.Βαρβούνη (2006). Τたうοおみくろん Οικουμενικό Πατριαρχείο, εκδόσεις Χελάνδιον. Athens. стр. 117. ISBN 960-87087-5-3.(грчки)
  4. Nomikos, Michael (2000). Witnesses for Christ: Orthodox Christian neomartyrs of the Ottoman period, 1437-1860. St Vladimir's Seminary Press. стр. 200. ISBN 0-88141-196-5.
  5. Demaras, Konstantinos (1972). A history of modern Greek literature. SUNY Press. стр. 136. ISBN 0-87395-071-2.
  6. Angold, Michael (2006). Eastern Christianity. Cambridge University Press. стр. 204. ISBN 0-521-81113-9.
  7. „Σεραφεὶμみゅー Βべーた´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 19 June 2011.(грчки)