Во 1937 г. државата ги изгубила ексклавните окрузи Ојтин кај балтичкото приморје и Биркенфелд во југозападна Германија, отстапувајќи ѝ ги на Прусија а за возврат го добила градот Вилхелмсхафен; сепак, ова било само формалност, бидејќи сојузните држави биле де факто укинати од националсоцијалистите уште во 1934 г..
На почетокот на Втората светска војна во 1939 г. како последица од територијалните промени Олденбург зафаќал површина од 5.375 км2 и броел 580.000 жители.