(Translated by https://www.hiragana.jp/)
Среќна Нова ’49 — Википедија Прејди на содржината

Среќна Нова ’49

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Среќна нова ’49“
Плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиМето Јовановски
Ацо Ѓорчев
Милица Стојанова
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
Младен Крстевски
Петар Арсовски
Гоце Тодоровски
Јовица Михајловски
Душко Костовски
Мите Грозданов
Ванчо Петрушевски
Александар Шехтански
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Ацо Ѓорчев, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски, Петар Арсовски, Душко Костовски, Мите Грозданов, Младен Крстевски и Александар Шехтански. Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

Содржина

[уреди | уреди извор]
Сцена од филмот

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвора сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, соперничката банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Глумец Улога
Ацо Ѓорчев Стојан
Милица Стојанова Мајката
Мето Јовановски Драгослав
Видосава Милосављевиќ Вера
Светлозар Цветковиќ Коста
Петре Арсовски Бургер
Гоце Тодоровски Тодор
Младен Крстевски Градимир
Душко Костовски Диле
Мите Грозданов Инспектор
Ванчо Петрушевски Шоферот
Јовица Михајловски
Александар Шехтански Полицаец
Гоце Влахов Стражар
Кица Ивковска Велјановска Жената
Јордан Витанов
Синоличка Трпкова Нале
Георги Бисерков
Кире Симоновски Коле
Мустафа Јашар
Кирчо Божиновски
Страшо Милошевски
Иван Бекјарев Инспектор во Суботица
Ратко Танкосиќ Шверцер
Раде Рогожаров

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Реакции и награди

[уреди | уреди извор]

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

  1. 1,0 1,1 „Srećna nova 49 (Среќна Нова '49)“. Filmovi.com. Посетено на 2008-09-16.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Среќна Нова '49“. Македонски Информациски Филмски Центар. Архивирано од изворникот на 2011-12-02. Посетено на 2008-09-15.
  3. „Среќна Нова '49“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  4. „Црно семе“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.[мртва врска]
  5. Роберт Алаѓозовски. „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“. Блесок. Посетено на 2008-15-09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)[мртва врска]
  6. Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 36-37.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]