Твер
Твер — град на северозападниот европски дел на руската федерација и еен од 5 градски округа во Тверската Област. Воедно е и административен цетар на Тверската Област. Тој е еден од најстарите руски градови основан во далечните 1135 година. Се наоѓа на брегот на реката Волга на место каде во неа се влеваат реките Тимок и Тверца, на околу 160 км северозападно од Москва. Според податоците од пописот на населението во 2010 во градот живееле 403.606 жители. Вкупната површина на градскиот округ е 152,2 км2. Твер е најголем град на областа и важен културен, стопански и научен центар. Од 1931 до 1990 градот го носел името Калињин по некогашниот револуционер Михаил Калињин. Градот Твер е сместен во делот на текот на реката Волга. Лежи на важната сообраќајна раскрсница на друмскиот и железничкиот правец кој ги поврзува Москва и Санкт Петербург. Се наоѓа на окулу 135 км северозападно од Москва и 485 км југоисточно од Санк Петерсбург. Градската територија лежи на надморска висина меѓу 124 и 147 метри. Реката Волга го дели градот на два дела. Волга тече низ Твер од запад кон исток, и го дели историскиот дел на градот од новото население на левиот брег. На градската територија во Волга се влева и нејзината притока на Тимок и Тверца.