Трипиља
Трипиља (украински: Трипiлля) — село во Обукивскиот Реон во Киевската Област во централна Украина, со 2.800 жители (на 1 јануари 2005 година). Припаѓа на Украински урбани громади, една од громадите на Украина.[1] Трипиља лежи околу 40 километри јужно од Киев на Днепар.
Трипиља е место на древна меганаселба која датира од 4300–4000 г.пр.н.е. припаѓаат на Кукутенско-трипилската култура. Населбите од оваа култура биле на површина од дури 200 хектари. Овој протоград е само еден од 2440-те кукутенско-трипилски населби откриени досега во Молдавија и Украина. 194 (8%) од овие населби имале површина од повеќе од 10 хектари помеѓу 5000–2700 г.пр.н.е., а повеќе од 29 населби имале површина во опсег од 100–450 хектари.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во близина на Трипиља, археологот Викентиј Хвојка открил обемно неолитска наоѓалиште на кукутенско-трипилската култура, една од главните неолитско- халколитски култури во источна Европа. [3] Хвојка ги објавил своите наоди во 1897 година на 11-тиот конгрес на археолозите, означувајќи го како официјален датум на откривање на оваа култура.[4]
Името Трипиља значи „три полиња“ на словенските јазици. За прв пат се споменува од киевските хроничари во врска со Битката кај реката Стугна во 1093 година. Во текот на 12 век, Трипиља била тврдина која ги бранела приодите кон Киев од степата. Еден од неговите владетели бил Мстислав Мстиславич. Во текот на следните векови, градот се намалил во безначајност. Во 1919 година тоа бил место на Трипилски инцидент, во кој украинските сили под команда на Данило Терпило масакрирале единица на болшевиците.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Украинская городская громада“. Gromada.info (руски). Посетено на 16 June 2022.
- ↑ „2011-2. Archaeology. TRYPILLIA CULTURE PROTO-CITIES: AFTER 40 YEARS OF INVESTIGATIONS“. www.trypillia.com. Посетено на 2022-04-24.
- ↑ Mantu, Cornelia-Magda (2000). „Cucuteni–Tripolye cultural complex: relations and synchronisms with other contemporaneous cultures from the Black Sea area“. Studia Antiqua et Archaeologica. Iaşi, Romania: Iaşi University. VII: 267. OCLC 228808567. Архивирано од изворникот на 2011-08-13. Посетено на 2023-03-12.
- ↑ Taranec, Natalie. „The Trypilska Kultura - The Spiritual Birthplace of Ukraine?“. The Trypillian Civilization Society. Архивирано од изворникот на November 2, 2009. Посетено на 21 November 2009.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Videiko M. Yu. Trypillia Civilization in Prehistory of Europe. Kyiv Domain Archeological Museum, Kyiv, 2005.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Trypillian Museum
- Ukrainian Neolith
- The Trypillia-USA-Project The Trypillian Civilization Society homepage (in English).
- Trypillian Culture from Ukraine A page from the UK-based group "Arattagar" about Trypillian Culture, which has many great photographs of the group's trip to the Trypillian Museum in Trypillia, Ukraine (in English).