Ушно тапанче
Ушно тапанче | |
---|---|
Десното ушно тапанче гледано низ спекулум. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | membrana tympanica; myringa |
TA | A15.3.01.052 |
FMA | FMA:9595 |
Ушно тапанче (латински: membrana tympanica) — мембрана која ги раздвојуванадворешното и средното уво. Се наоѓа на крајот од надворешниот слушен канал, навалено под агол од 45% во однос на надворешниот слушен канал и се наоѓа во еден засек (тимпаничен засек) од овој канал.
Улога
[уреди | уреди извор]Тапанчето има двојна улога:
- ги собира звучните бранови како микрофонска мембрана и ги пренесува до слушните ковчиња. Звучните бранови од надворешната се насочени и засилуваат од ушната школка и преку слушниот канал и доаѓаат директно до тапанчето. Ушното тапанче е поврзано со слушното ковче чеканче, така што вибрациите на ушното тапанче се претвораат во движење на чеканчето и целата верига на слушни ковчиња (чеканче, наковална и стремен) сè до овалниот прозорец и внатрешното уво.
- ја штити мембраната на кружниот отвор на вестибуломот (лат. Foramen rotundum) од директно дејство на механички, звучни бранови. Директното дејство на звучните бранови на оваа мембрана може да го наруши движењето на перилимфата внатре во вестибулумот и да ја ослабне функцијата на внатрешното уво.
Градба
[уреди | уреди извор]Тапанчето се состои од два дела. Лабав дел или лат. pars flaccida и затегнат дел или лат. pars tensa. Затегнатиот дел зафаќа многу поголема површина и тој е затегнат во облик на инка помеѓу рачката на чеканчето и коскениот дел од слушниот канал. Затегнатиот дел е изграден од три слоја:
- од надворешната страна (која е свртена кон надворешниот слушен канал) е покриен со кожа. Оваа кожа е тенка и при преглед со отоскоп ја рефлектира светлината (кога е осветлена).
- централниот дел е направен од сврзно ткиво (лат. stratum fibrosum ). Овде надворешниот слој на сврзното ткиво е направен од влакна кои се распоредени радијално и внатрешен слој од влакна кои се распоредени во круг. На работ на тапанчето овие влакна градат фиброзен прстен, преку кој тапанчето се вклопува во споменатиот засек на надворешниот слушен канал.
- од внатрешната страна (кон тимпаничната празнина) е покриена со слузокожа.
Лабавиот дел (лат. Pars flaccida) е помал дел и лежи во горниот дел на тапанчето. Овој слој се состои само од кожа (надвор) и слузокожа (внатре), додека сврзниот слој недостасува.
Преглед
[уреди | уреди извор]Преглед на надворешното и внатрешното уво може да се направи со отоскоп. Станува збор за едноставен уред кој ги осветлува споменатите структури. Нормалното тапанче ја рефлектира светлината, добро е диференцирано и подвижно. Ако на пр. има акумулација на течност во средното уво (т.е. зад тапанчето), тогаш тоа е неподвижно бидејќи течноста го блокира движењето. Бојата на тапанчето е исто така важна, бидејќи тапанчето е проѕирно, па акумулацијата на течност може да се види како сина, жолта, црна... боја. Заради натрупување на течност може да дојде до пукање на тапанчето. Пукање може да се појави и поради нагли промени во надворешниот притисок (звучна траума, експлозија...). Некогаш во третманот на воспаление на средното уво вештачки се прободувало тапанчето, потоа течноста истекувала и болката престанувала. Оваа интервенција се нарекува парацентеза. Ушното тапанче може спонтано да зарасне или да се реконструира со тимпанопластика.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Arthur C. Guyton John E. Hall Медицинска физиологија савремена администрација Београд. 1999. 978-86-387-0599-3.
- Rudolf Probst Gerhard Grevers Heinrich Iro Hals-Nasan-Ohren-Heilkunde Thieme. 978-3-13-119032-1.
Надворешни врески
[уреди | уреди извор]„Ушно тапанче“ на Ризницата ? |