(Translated by https://www.hiragana.jp/)
ФК Бари — Википедија Прејди на содржината

ФК Бари

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Бари 1908)
Бари
Целосно имеФудбал Клуб Бари 1908 С.П.А.
Основан1908
2014 (реоснован)
2018 (реоснован)
ЛокацијаБари, Италија
СтадионСтадион Сан Никола
Капацитет58,270
СопственикАурелио Де Лаурентис
ПретседателИталија Лујџи Де Лаурентис
ТренерИталија Џовани Корнакини
ЛигаСерија B
2023–2024Серија Б, 17-и
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Сосиета Спортива Калчо Бари, (познат и по името на првото основање како ФК Бари или понекогаш и само Бари) е професионален италијански фудбалски клуб од Бари, Апулија. Моментално се натпреварува во Серија Д, четвртата лига по ранг во Италија.

Клубот е основан на 15 јануари 1908 година како Фудбал Клуб Бари додека во 1928 година со спојување на повеќе тогашни клубови од градот настанал Унионе Спортива Бари. Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Сан Никола, кој има капацитет од 58,270 седечки места.

Поголемиот дел од својата историја Бари ја поминал помеѓу двете најсилни лиги во Италија, Серија А и Серија Б. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Митропа купот во 1990 година. Клубот се смета за еден од најелитните од регионот на Јужна Италија и статистички е на 17-то место по успешност во Серија А на сите времиња лига во која поминал 30 сезони. Во сезоната 2017-2018, Бари завршил на 7-мото место во Серија Б, меѓутоа поради финансиските проблеми клубот најавил дека нема да се натпреварува во Серија Б за сезоната 2018-2019 и прогласил банкрот. Откако Аурелио Де Лаурентис ја преземал сопственоста над клубот, Бари бил реоснован под името Сосиета Спортива Калчо Бари и бил регистриран да настапува во Серија Д за сезоната 2018-2019.

1934–1935, 1941–1942, 2008–2009
1990

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]