(Translated by https://www.hiragana.jp/)
ФК Хелас Верона — Википедија Прејди на содржината

ФК Хелас Верона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верона
Целосно имеХелас Верона Фудбал клуб
ПрекарЏалоблу (прев. жолто-сините)
Основан1903
СтадионМаркантонио Бентегоди
Верона, Италија
Капацитет30,642
ПретседателИталија Маурицио Сети
ТренерХрватска Игор Тудор
ЛигаСерија А Серија А
2020–21Серија А, 10. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Хелас Верона познат и само како ФК Верона или пак Хелас во делови на самиот град, е италијански фудбалски клуб од градот Верона, кој моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Клубот е основан во 1903 година, а најголемиот успех во својата историја го остварил во сезоната 1984-1985, кога го освоил своето единствено скудето.

Најчесто употребуван прекар на клубот е жолто-сините, но има и други како мастифи и скалигери. Овој последниот прекар доаѓа од семејството на веронски лордови. Имено нивниот симбол, вплетен меѓу два стилизирани мастифа, се наоѓа и на амблемот на тимот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоците и раните години на клубот

[уреди | уреди извор]

Основан во 1903 година од група на гимназисти, клубот е наречен Хелас (по грчкото нарекување на Грција), по молба на нивниот професор по класична уметност. Во тоа време, во кое фудбалот се играл главно во поголемите северозападни италијански градови, поголемиот дел на Верона се однесувала незаинтересирано кон ново развивачкиот спорт. И покрај тоа, во 1906 година два градски тима го избрале стариот римски амфитеатар како место, каде што ќе се среќаваат и ќе тренираат. И така, интересот за фудбалот започнува постепено да расне.

Во раните години тимот е еден од неколкуте во тој регион и играл главно на општинско ниво, борејќи се со локалниот противник Бентегоди за надмоќноста врз својот град. До сезоната 1907-08 Хелас игра против локални тимови, и на тој начин започнува соперништвото со екипата на Виченца, кое трае и до ден денес.

Од 1898 до 1926 година италијанскиот фудбал е разделен на регионални групи. Од тој период Хелас е еден од основачите на првичната фудбалска лига и често е помеѓу финалистите. Од 1911 година градот му помогнал на клубот да ги замени старите песочни терени со поодговарачки за фудбал. Така тимот веќе можел да учествува во првиот регионален турнир, којшто до 1926 претставувал квалификациона етапа за националната титула.

Од 1914 до 1919 година фудбалските натпреварувња не течат, поради Првата светска војна. Во 1919 година Хелас се обединува со градскиот противник Верона и станува Хелас Верона. Од 1926 до 1929 година елитната фудбалска дивизија ги зема најсилните тимови во секој регион, меѓу кој се наоѓала и Хелас Верона.

Серија А започнува во 1929 година, кога Државното првенство станува професионална лига. Иако сè уште биле аматерски тим, Хелас Верона се обединила со уште два градски противника Бентегоди и Скалигера, за да се формира АК Верона. Со надеж за градење на конкурентен тим за во иднина клубот дебитирал во Серија Б во 1929 година. И покрај тоа, тимот влегува во Серија А дури во 1957 година, но испаднал уште во првата сезона. Во 1959 година тимот се обединил со уште еден градски противник - Хелас, и се враќа на корените и потеклот, сменувајќи го името во Хелас Верона АК.

Подемот на тимот

[уреди | уреди извор]
Екипата на Верона од сезоната 1975-1976, која стигнала до финалето на Купот на Италија за првпат во историјата на клубот

Во 1968 година тимот одново се вратил во Серија А, каде овојпат поминува 6 сезони едноподруго, а и на двапати завршил на 10-то место. Во сезоната 1973-74 завршиле на 13-то место, кое било последното, кое дава право на останување во лигата. Поради скандал, в кој бил вовлечен претседателот на клуба, Верона и биле одземени автоматски сите бодови и како последен во лигата тимот бил исфрлен во Серија Б. Верона се вреќа веќе истата сезона, а во сезоната 1975-76 го достигнува најголемиот успех во историјата на клубот дотогаш. Тие се пласирале во финалето на Купот на Италија, каде биле поразени со 0-4 од Наполи со сите 4 гола во последните 15 минути. На патот до финалето Верона елиминирала посилни екипи во тоа време како Торино, Каљари и Интер.

Во следните две сезони Верона ги освојува 9-тото и 10-тото место во Серија А, а во сезоната 1978-79 испаднале во Серија Б.

Финалињата во купот

[уреди | уреди извор]

По испадаѓањето Верона останала 3 сезони во Серија Б. Во сезоната 1981-82 се вратиле во Серија А како шампиони и уживале во најголемиот успех на клубот.

Во следните две сезони - 1982-83 и 1983-84, завршиле на вискоите 4-то и 6-то место и двапати достигнале до финалето на Купот. Тие ги загубиле и двете финалиња - првото од Јувентус (0:3 по продолженија) и второто од Рома (со 0:1).

Првото Скудето

[уреди | уреди извор]

Најголемата слава Верона дефинитивно ја достигнала со освојувањето на шампионската титула во Серија А во сезоната 1984-85 и со честите учества во евротурнирите.

Бидејќи во шампионската сезона 1984-85 тимот бил составен од млади, но ветувачки талентирани играчи, како и од неколку само поискусни, скоро никој да не верувал дека накрајот Верона ќе биде шампион. Во оваа сезона има неколку натпревари кои ќе останат за памтење како дел од историјата на клубот како победата на Јувентус со 2-0, победа како гостин над Удинезе со 5-3, како и три победи едно подруго, меѓу кој е и победата со 1-0 против Рома. Клубот ја заверил титулата играјќи 1-1 со Аталанта во предпоследното коло. Верона тримуфирала со 15 победи, 13 ремија и 2 порази - и со вкупно 43 бодови, 4 повеќе од второпласираниот Торино.

Настапите во Европа

[уреди | уреди извор]

Тимот дебитирал во европските клупски натпреварувања во сезоната 1983-84 настапувајќи во Купот на УЕФА каде биле елиминирани во вториот круг на натпреварувањето од Штурм Грац. Во 1986 Верона се натпреварувала во Купот на шампионите каде биле елиминирани од своите сонародници и подоцнежниот европски шампион Јувентус. Во 1988 година клубот го постигнал своето најдоброто достигнување во евротурнирите, доаѓајќи до 1/4-финалето во Купот на УЕФА. На патот дотаму тие ги елиминирале полскиот Погон Шчешин, холандскиот Утрехт и романскиот Спортул. Во 1/4-финалето испаднале од германскиот Вердер Бремен после 0-1 и 1-1.

Помеѓу стариот и новиот милениум

[уреди | уреди извор]

Меѓу Серија А и Серија Б

[уреди | уреди извор]

Овие резултати ги надминале скромните очекувања на средноголем град, каков е Верона, за скромен клуб со солиден број навивачи, концентрирани главно во самиот град. Но наскоро во клубот се појавиле финансиски потешкотии. Во 1991 година клубот е повлечен и се ревитализира како Верона ФК откако за 8 сезони, 3 пати испаднал од Серија А, и се враќал назад.

По освојувањето на титулата во Серија Б во сезоната 1998-99, тимот се вратил во Серија А, каде што останал 3 сезони. Но сепак испаѓањето од највисокото ниво дошло во сезоната 2001-02, кога во последното коло загубиле како гости од Пјаченца со 3-0 иако на натпреварот биле присутни 7000 навивачи на Верона. Со поразот Верона завршила на 15. место со 39 бода, само еден бод помалку од 14-тиот Удинезе и 13-тата Бреша кој успеале да обезбедат опстанок. Испаѓањето на Верона било помалку и неочекувано заради неколку одлични играчи кој играле во тој период како: Адријан Муту, Мауро Каморанези, Алберто Џилардино, Мартин Лаурсен, Масимо Одо, Марко Касети и искусниот тренер Алберто Малезани.

Од 2002 до 2007: опстанок и испаѓање

[уреди | уреди извор]

Пио испаѓањето во Серија Б во 2002 година, Верона била во големи проблеми во финансиски поглед и поминува голем дел од сезоните таму борејќи се со незамисливото - испаѓање во Серија Ц1. Во 2004-05 нештата изгледале повеќе охрабрувачки со освоеното 6-то место во Серија Б.

Во сезоната 2006-07 по слабата сезона Верона требало да игра плеј-аут натпревар со Специја. По поразот со 1-2 на гости и ремито без голови во Верона, клубот испаднал во Серија Ц1 по 64-годишно учество во двете највисоки нивоа на италијанскиот фудбал.

Последниве години

[уреди | уреди извор]

Четирите сезони во Лега Про

[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2007-08, која започнала со цел да се освои првенството и да се покажат како "Јувентус во Серија Ц" , тимот одново се нашол на дното на табелата откато едвај достигнале до 17-тото место, благодарение на подобрите меѓусебни двобои со последнопласираната Манфредонија со која имале ист бодовен биланс. По завршувањето на првенството тие требало да играат во плеј-аут со Про Патрија, но со победата од 2-1 Верона обезбедила учество во третата дивизија и следната сезона. И покрај слабите резултати поддршката од навивачите останала голема што потврдува и продажбата на билетите.

Следната сезона 2008-09 за тимот била подобра од претходната, но одново завршила разочарувачки, откако во финалниот поредок го зазеле 7-мото место и останале далеку од Битката за промоција.

Во сезоната 2009-2010 екипата и приредила уште едно разочарување на навивачите: тимот изграден од страна на спортскиот директор Нерео Бонато и Џан Марко Ремондина на клупата, по преземањето на врвот на табелата и акумулирано предност од осум бода пред гонителите, колабирал на крајот од сезоната, и ја затвориле сезоната на третото место. Директниот двобој се претворил во фатален за клубот кога во последниот ден од сезоната тие го пречекале Портогруаро, кој победил со 1-0 на Бентегоди и изборил промоција еден ранг погоре. За баражите во Верона бил ангажиран дури нов тренер и тоа искусниот Џовани Вавасори, но иако Верона го поминала Римини во полуфиналето (0-1 во Римини, Верона 0-0), тие биле поразени во финалето од Пескара со вкупен резултат 3-2 (2-2 во Верона, Пескара 1-0). Така, Џалоблу (мак. жолто-сините) останале во Ц1 и за наредната сезона, а Вавасори си заминал откако го водел тимот само за еден месец.

И покрај разочарувањата, навивачите на Верона покажале голема приврзаност кон жолто-сината боја со просечна публика, која во четири години во Про Лигата никогаш не била под 10 000 луѓе,[1][2] со максимум од речиси 15 000 гледачи во сезоната 2009-2010. Апсолутен рекорд на гледаност имало на 9 мај 2010 година, кога Верона го играла несреќниот натпревар против Портогруаро (0-1) каде имало околу 25 000 навивачи на Хелас.[3]

Враќање во Серија Б

[уреди | уреди извор]

Дури и сезоната во која избориле промоција (2010-2011) започнала негативно, така што новиот тренер кој бил избран во летото да го води тимот (Џузепе Џанини) бил разрешен во ноември откако освоил само 13 бода во 12 натпревари. На неговото место, за прв тренер бил ангажиран Андреа Мандорлини кој една сезона пред тоа ја освоил титулата во Романија со Клуж. Тој првично бил доведен со цел да се избори стабилна позиција во средината на табелата, да се избегнат грижите околу опстанокот, но под негово водство Хелас игра многу добро и успева да стигне до 5-тото место (последно кое води во плејоф) во последните денови од првенството.

Верона успева да се избори за второ по ред плеј-оф финале, овој пат против Салернитана, откако го елиминирале Соренто (2-0 во Верона, 1-1 Соренто). Конечно на крајот, фудбалерите на Верона излегуваат како победниците во баражите и покрај поразот што го претрпеле нагости (1-0), блегодарение на победата со 2-0 во првиот натпревар избориле промоција. Верона се вратила во Серија Б, затворајќи го циклусот на негативни резултати во текот на нејзината историја .[4]

Сегашност

[уреди | уреди извор]

2011-2012: Првата сезона во Серија Б по враќањето

[уреди | уреди извор]

За сезоната 2011-2012 си заминале многу познати лица: Мандорлини и речиси сите играчи во годината пред тие да бидат реизбрани. Тие им се придружиле на неколку млади играчи како гркот Тахтсидис сопственост на Џенова и аргентинецот Хуанито Гомес, кој се вратил во Верона, по една и пол година заем во редовите на Губио.

Во првиот круг, по негативниот период ​​од пет натпревари во кој тимот освоил само три бода, жолтo-сините влегле во одлична серија на резултати во која забележале 9 победи едноподруго во лигата и италијанскиот куп,[5] што ги одвело на второто место на табелата со само бод помалку од водачот Торино. Тоа е најдолга низа на победи во целата историја на клубот, а претходниот рекорд бил осум победи, остварени во периодот кога тренер на Верона бил Прандели во 1998-99.[6] Друг личен рекорд на победи, кој бил соборен е бројот на едноподруго победи нагости, 5: против Читадела (1-2), Бари (0-1) Емполи (1-3), Парма (0-2) и Ливорно (0-2).

Верона го завршила регуларниот дел од сезоната на четвртото место, изостанувајќи од директната промоција само 5 бода, а првата година по нивното враќање во Серија Б ќе биде обележана со настапот во баражите за влез во Серија А. Во полуфиналето Варезе, сепак бил подобар во двата натпревара, и победувајќи со 2-0 во првиот натпревар[7] и 1-1 на Бентегоди изборил место во финалето.[8].

Во купот на Италија, Верона по ред ги елиминирала Виченца (1-2), Џенова (5-7 на пенали) и Парма (0-2 ), достигнувајќи до осминафиналето по 15 години (1996-1997).[9] Пробивот на Верона бил запрен на Олимпико во Рим, каде што домаќинот Лацио ја совлада Верона со 3-2.[10]

2012-2013: Враќање во Серија А

[уреди | уреди извор]

Новата сезона донела неколку нови имиња во компаниијата од Виа Торичели: Мартинели го препуштил мнозинскиот пакет акции во клубот (80%) на поранешниот потпретседател на Болоња, Маурицио Сети, кој станал новиот претседател на жолто-сините. Претседателот во заминување сочувал во прв момент мал дел од акциите на компанијата, но во текот на сезоната, тој ја завршил својата продажба на неговите акции во целост продавајќи му ги на Маурицио Сети, кој така станал единствен претседател на клубот. Претседателот го потврдил останувањето на тренерот Мандорлини, а потоа продолжил да ја револуционизира организационата шема со доаѓањето на Сољано како спортски директор и Гардини како генерален менаџер. Благодарение на напорите на новата компанија, клубот довел голем број квалитетни нови играчи како што се Качаторе, Мартињо, Ланер, Морас, Качија и Агостини.

Верона добро ја започнала сезоната, без пораз во првите 7 натпревари во кој имале 4 победи и 3 нерешени, сè до 5 октомври кога го претрпеле првиот пораз нагостувањето кај Падова со 2-1 со гол во последните секунди од натпреварот. Верона долго го држела второто место на табелата, зад водачот Сасуоло, но по поразот на гости од Читадела (2-1) паднала на третото место заменувајчи си ја позицијата со Ливорно. После победата над Гросето со 2-0 како гостин на 9 март 2013, фудбалерите на Мандорлини влегле во одлична серија во која не загубиле ниту еден единствен натпревар до крајот на сезоната; 13 натпревари, 8 победи, 5 нерешени, вкупно 29 бодови од овие натпревари. Оваа серија им помогнала да ја освојат втората позиција (82 бода) со само три бода помалку од шампионот Сасуоло (85) и да изборат директна промоција во Серија А. Најзаслужен за промоцијата на тимот бил напаѓачот Даниеле Кача, кој постигнал 24 погодоци во 39 натпревари и бил најдобар стрелец во лигата за таа сезона. Верона се вратила во Серија А по 11 години отсуство.

Тимот меѓу другото стигнал за втора година по ред во осминафиналето на италијанскиот куп, по отстранувањето на Виртус Ентела (2-3) и Џенова (2-5 на пенали) и Палермо (1-2). Во истата фаза на натпреварување како и минатата сезона тие биле елиминирани од еден прволигаш овојпат од Интер кој ги совалдал на домашен терен со 2-0.[11].

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Хрватска ГМ Ивор Пандур
4 Португалија СР Мигел Велосо
5 Италија ОД Давиде Фараони
7 Чешка СР Антонин Барак
8 Србија ОД Дарко Лазовиќ
9 Хрватска НП Никола Калиниќ
10 Италија НП Џанлука Капрари
11 Италија НП Кевин Лазања
12 Италија ГМ Матија Кјеза
14 Србија СР Иван Илиќ
16 Италија ОД Николо Казале
17 Италија ОД Федерико Чекерини
18 Италија ОД Матео Канчелиери
21 Германија ОД Корај Гинтер
22 Италија ГМ Алесандро Берарди
24 Италија СР Даниел Беса
Бр. Позиција Играч
26 Италија СР Кристијан Пјеробон
27 Полска ОД Павел Давидович
29 Италија ОД Фабио Депаоли
30 Италија ОД Џанлука Фработа
31 Хрватска ОД Бошко Шутало
42 Италија ОД Диего Копола
45 Грција ОД Панајотис Ретсос
61 Камерун СР Адријан Тамез
71 Италија НП Матија Флорио
78 Камерун СР Мартин Онгла
80 Естонија ГМ Каур Кивила
88 Полска СР Матеуш Прашелик
96 Италија ГМ Лоренцо Монтипо
97 Италија СР Филипо Терачано
99 Аргентина НП Џовани Симеоне

Познати поранешни играчи

[уреди | уреди извор]
ИТАЛИЈА
АЛБАНИЈА
АРГЕНТИНА
БРАЗИЛ
БУГАРИЈА
ДАНСКА
ГЕРМАНИЈА
ИСЛАНД
КОСОВО
ЛИХТЕНШТАЈН
МЕКСИКО
РОМАНИЈА
СР ЈУГОСЛАВИЈА
УРУГВАЈ
ФРАНЦИЈА
ХРВАТСКА
ШВАЈЦАРИЈА
Клаудио Каниџа (лево), во дресот на Верона во сезоната 1988-1989.
1984-85
1956–57, 1981–82, 1998–99

останати пласмани

финалист: 1976, 1983, 1984
  1. „Медиуми, гледачи Серија Ц1 Група А 2008-2009“. icori.myblog.it. 8 јуни 2009.[мртва врска]
  2. „Media spettatori Lega Pro Prima Divisione 2008-2009]“. stadiapostcards.it.
  3. „Хелас Верона-Портогруаро 0-1, Верона оди во плеј-оф“. hellasverona.it. 9 мај 2010. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 2013-12-11.
  4. „Верона во Б по четири години“. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 2013-12-11.
  5. Хелас Верона: победничка низа за рекорд[мртва врска] tuttob.com
  6. Верона на Мандорлини засекогаш во историјата Архивирано на 9 јануари 2014 г. tggialloblu.it
  7. „All'Ossola finisce 2-0 per i padroni di casa“. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 2013-12-11.
  8. „1-1 на Бентегоди: финале за Варезе“. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 2013-12-11.
  9. Лацио-Верона осминафинале на италијанскиот куп Архивирано на 4 ноември 2013 г. sky.it
  10. „Лацио - Хелас Верона 3-2“. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 2013-12-11.
  11. „Интер ја запре Верона: 2-0“. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 2013-12-12.

Надворшни врски

[уреди | уреди извор]