Чалке (Цариград)
![](https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/78/Constantinople_imperial_district.png/300px-Constantinople_imperial_district.png)
Портата Чалке (грчки:
Историја
[уреди | уреди извор]Портата се наоѓала во југоисточниот дел на главниот плоштад Августајон, со Аја Софија на северната страна, а бањите Зевксипиј и хиподромот биле на јужната и западната страна[1].
Првата структура на оваа место била изградена од страна на архитектот Атерок во времето на Анастасиј I (491-518) по повод победата на Византија во Исавриската војна (492-497).[2]. Како дел од центарот на градот, овој објект изгорел во бунтот Ника од 532 година, а по ова била изградена од страна на Јустинијан I (527-565)[3].
Во времето на Роман I Лакапин (920-944) бил изграден една мала капела посветена на Исус Христос, а подоцна во времето на Јован I (969-976) била проширена. Во оваа капела бил погребан по неговата смрт[4][5][6]. Оваа порта веќе во времето на Исак II Ангел не се споменува (1185-1195)[4][7]. За разлика од портата, капелата постоела уште неколку векови. Таа се споменува од страна на руските верници во 14 век[8] и во турско време. Капелата била разрушена во 1804 година[4].
Опис
[уреди | уреди извор]Јустинијановиот објект бил во форма на правоаголник, и истиот се состоел од централна купола си пандантиф. Црквата се наоѓала сшпред Манго на левата страна од портата, додека постојат и извори дека таа се наоѓала на врвот од портата[9].
Според Прокопиј, ѕидовите биле украсени со мермер, таванот бил покриен со мозаици на кои биле претставени Јустинијан и неговата сопруга. За надворешниот изглед не се знае многу. Познато е само дека на портата се наоѓале разни статуи.
На главниот влез стоела икона на Исус. Потеклото на иконата не е познато. Врз основа на раскажувањата, таа датира од почетокот на 6 век. Во времето на Лав III (717-741) биле забранети иконите, па истата била отстранета. Таа најверојатно била повторно ставена во времето на Ирина.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]41°0′21″N 28°58′38″E / 41.00583° СГШ; 28.97722° ИГД
|